4 интересни факти за црвената боја

4 интересни факти за црвената боја

Автор: Горана Коневска

Научниците велат дека црвената боја, за разлика до другите бои, предизвикува  јасно препознатливи чувство кај луѓето. Еве неколку примери кои можат да ви го променат мислењето за оваа боја.

Црвена – боја на крвта, страста и храброста.4 Интересни факти за црвената боја

Црвената боја ги засилува нашите физички реакции

Гледањето во црвена боја ги предизвикува луѓето да реагираат брзо и енергично. Нашите тела реагираат на црвено, како некој вкоренет сигнал за опасност во нашата потсвест, како да сме виделе или почувствувале закана, вели авторот на новата студија Ендру Елиот од Универзитетот во Рочестер.

Реакцијата не трае многу долго, а луѓето многу често и не се свесни за истата. Но, секако дека може да има одредено краткорочно влијание врз одредени спортски или други физички активности, каде се вложува сила или е потребна брзина, како на пример трчање или подигнување на тегови.

Црвената боја е боја на победниците

Според Тајгер Вудс, црвената боја делува иритирачки и застрашувачки. Тој секогаш носи црвена маица во последните денови на голф турнирите. Според едно истражување од страна на британските научници во 2005 година, атлетичарите кои носеле црвено постигнувале определена предност, пред оние кои носеле сино.4 Интересни факти за црвената боја

Црвената боја ги прави мажите попривлечни

Мажите облечени во црвено се „попривлечни, помоќни  и сексуално попосакувани кај жените“, се вели во друга студија на Ендру Елиот, објавена во весникот за експериментална психологија. Во студијата, на поголем број жени им било дадено задача да рангираат слики на мажи кои носат различни бои маици.

Жените ги рангирале мажите облечени во црвено како личности кои оставаат впечаток на мажи со повисок статус, подобра заработувачка и подобар живот. Оваа перцепција, по сѐ изгледа произлегува од фактот дека кај поголемиот број видови животни, црвената пигментација претставува машка доминација. Во некои постари истражувања дојдено е до заклучок дека мажите, исто така ги сметаат за попривлечни жените во црвено, бидејќи самата боја сугерира сексуалност.

Црвената боја може да предизвика паѓање на испит

При една студија направена во 2007 година, истражувачите дошле до заклучок дека макар и мал поглед на црвена боја за време на некои испити, може да предизвика пренасочување на вниманието, а со тоа и дефокусирање од одговорите. Можеби бидејќи професорите често користат црвено пенкало или фломастер за да ги маркираат грешките, луѓето ја поврзуваат оваа боја со „грешка и паѓање на испит“, па така вниманието им бега и концентрацијата им се намалува.4 Интересни факти за црвената боја


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар