4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериите

Понекогаш ни е потребно нешто да ни го одвлече вниманието од работата или воопшто, од секојдневните обврски во животот. ТВ сериите се добар извор на идеи од каде можете да најдете многу примери за убивање време, решавање несогласувања, пијанење или дебатирање со пријателите за секојдневни работи.

Еве 4 забавни игри кои може да ви го окупираат денот, да ве „разбудат“ од секојдневните шаблони и да ве насмеат, а сме ги „собрале“ од популарните ТВ серии.
.

  • „Паричка во конзерва“ од „Градот на пумите“ (Cougar Town)

4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: Во серијата се воведоа многу нови игри, но ниедна не е подобра од Паричка во конзерва. Едноставно, земате празна конзерва од кафе, ја поставувате на оддалеченост од 3 до 6 метри и фрлате парички накај неа. Секогаш кога ќе погодите, треба да испеете „Penny can!“ (Паричка во конзерва!) со висок тон. Ако ја сфатите играта сериозно, можете да организирате сопствен натпревар во фрлање парички во конзерва, како што направи Боби Коб.

Варијанти: Играта можете да ја играте и така што секогаш кога некој ќе погоди паричка во конзервата, ќе пивнува по една голтка вино, а секогаш кога ќе промаши по две. Друга популарна варијанта е „Вистина или паричка во конзерва“ во која при секој промашен обид треба да одговорите на некое лично прашање.
.

  • „Камен, хартија, ножици, гуштер, Спок“ од „Теоријата за Биг Бенг“ (The Big Bang Theory)

4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: За да решава несогласувања, Шелдон Купер користи преработена верзија со пет оружја (Rock, Paper, Scissors, Lizard, Spock), наместо стандардната Камен, хартија, ножици со 3. Во играта ги додава Спок, Вулканецот од Ѕвездени патеки и гуштерот. Еве ги објаснувањата за тоа кое што победува:4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериите

  • Каменот ги смачкува ножиците
  • Каменот го смачкува гуштерот
  • Хартијата го покрива каменот
  • Хартијата го побива Спок
  • Ножиците ја сечат хартијата
  • Ножиците му ја сечат главата на гуштерот
  • Гуштерот ја јаде хартијата
  • Гуштерот го труе Спок
  • Спок ги смачкува ножиците
  • Спок го смачкува каменот

Варијанти: Основните принципи на математиката дозволуваат ова да функционира со секој непарен број на оружја, при што секое може да победи точно половина од другите. Ако мислите дека сте паметни како Шелдон Купер, пробајте да ги запаметите сите можни исходи од специјалната верзија со 101 оружје.
.

  • Играта со пиење за Робин Шебатски од „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother)

4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: Робин беше среќна кога дозна дека студентите на Тед го гледаат нејзиното утринско шоу, но исто толку се разочара кога дозна дека тоа било поврзано со една игра со пиење. Имено, секогаш кога таа ќе кажела „Но, ммм…“ (But, umm), сите групно пиеле по една чашка. Таа несвесно го користи овој израз прекумерно додека е во етерот, но кога дозна за играта, намерно постојано го повторуваше за да ги задева студентите кои не можеа да го фатат новото темпо.

Варијанти: Изразот „But, umm” може да се замени со кој било друг израз или фраза кој го употребува некој од нашите новинари или ТВ водители. Дури, не мора да биде ни израз. Замислете колку често би требале да ја подигнете чашката ако играта ја базирате на одредени потези кои се дел од имиџот на некои наши новинари.
.

  • „Жешка или не?“ (Hot or Not?) од „Канцеларија“ (The Office)

4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: Во една епска дебата помеѓу колегите од Дандер и Мифлин, вработените дискутираа за актерката Хилари Свонк, односно дали е таа жешка или не. На двете страни се презентираа доказите за тврдењата и основното правило беше дека оние кои се со повеќе докази победуваат.

Варијанти: Личноста не мора да биде Хилари Свонк, ниту мора да биде светски позната. Пробајте да ја играте во друштво кое има поделени мислења за некои од нашите ѕвезди и истакнати личности, но не сфаќајте ја играта пресериозно, не сакате да настане тепачка поради поделени чувства за политичка припадност.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Fish Reply

    Исто така добра е играта која ја измислува Маршал од How I Met Your Mother кога некој ќе рече Што? (What?) да испие една чашка :)

  2. македонец Reply

    на македонски играта rock paper scissors се вика лист камен ножица, а не камен, хартија, ножици

Остави коментар