3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето тело

3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето тело

Замислете ситуација во која одма ќе знаете кои фармерки би биле идеални за вас, без притоа да морате да талкате цел ден по продавниците и да пробувате по 20 пара. Нормално, сите секогаш бараат фармерки кои даваат идеална слика на виткост, кои нема да оцртуваат, ќе издолжуваат и слично. 3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето телоЗа среќа, откриен е револуционерен пронајдок кој овозможува потрагата по совршениот пар фармерки да биде многу едноставна. Благодарение на тридимензионалниот скенер на тело, купувачите во продавницата на „New Look“ во трговскиот центар „Westfield Stratford“ кој се наоѓа во градот Стратфорд, Англија, ќе можат да си ги одберат оние фармерки кои се идеални за нивната градба. Скенерот е изработен од компанијата „Bodymetrics“.

Купувачите ќе мора да влезат во скенерот по долна облека, кој благодарение на ултрацрвени светла ќе може да прочита повеќе од 300.000 точки од телото на човекот. Статистиката ќе дава неверојатни резултати и секој што ќе помине преку скенерот ќе може да дознае секаква мерка за својата половина, листови, бутови, зглобови и слично. 3Д скенер кои ги одбира идеалните фармерки за вашето телоОткако телото ќе биде скенирано, стилист ќе ги анализира контурите и облините на телото и ќе го одбере совршениот пар фармерки. Резултатите ќе се испраќаат и на имејл, бидејќи се очекува ваквата технологија да се применува и во други продавници. Сепак, оваа идеја не е нова, бидејќи ваков изум бил направен во 2001 година, кога се очекувало дека тој ќе направи бум и многу брендови ќе ја инсталираат опремата во своите продавници.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар