„Кога мојот човек не ми обрнува внимание, се виткам во тоалетна хартија, истурам сок од послужавникот, па се кријам во мојата кутија. Потоа таа ме крева, ме чисти и игра подавање со мене… Секој треба да си набави човек.“
За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Остави коментар