Неверојатни факти за светот кои ќе ги изненадат дури и најпаметните умови - Part 2

Неверојатни факти за светот кои ќе ги изненадат дури и најпаметните умови

16. Чарлс Дарвин бил првиот човек со идејата да стави тркалца на својот стол во канцеларијата за да може да се движи наоколу побрзо.

17. 99% од микробите кои живеат во луѓето им се непознати на научниците.

18. Последните зборови на Алберт Ајнштајн не се познати бидејќи ги кажал на германски, а медицинската сестра која била со него не го разбирала јазикот.

19. Исекотината од хартија боли многу повеќе од обичната бидејќи не крвави, па нервните завршетоци остануваат изложени на воздух. Воздухот ги иритира и предизвикува болка.

20. Кралицата Елизабета Втора е во роднинска врска со Влад Тепеш, „моделот“ според кој е создаден ликот на Дракула.

(5)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

21. Кога се туширате со жешка вода, согорувате исто калории колку и со 30-минутна прошетка.

22. Во 2011 година, Северна Кореја ѝ даде половина милион долари на Јапонија која закрепнуваше од голем земјотрес.

23. Кога било ексхумирано телото на Салвадор Дали во јуни 2017 година, неговите мустаќи биле сосем исти како и на денот кога умрел.

(6)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

24. За да согорите само 1 калорија потребно е да го притискате копчето на маусот 10 милиони пати.

25. Во 1939 година американскиот композитор и пијанист Ерл Вајлд го одржал првиот концерт во светот кој бил пренесуван на телевизија. 58 години подоцна, неговата изведба била првиот онлајн концерт на Интернет.

26. Ако правите мраз со вода од чешма, мразот ќе биде бел. Ако користите зовриена вода, мразот ќе биде транспарентен.

(7)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

27. Презимињата Ван, Ли и Џанг се најпопуларни во светот. 21% од целото кинеско население ги има овие презимиња.

28. Животните ги избегнуваат далноводите бидејќи се плашат од ултравиолетовите зраци кои луѓето не можат да ги видат. Од сите цицачи на светот, само луѓето не можат да гледаат ултравиолетова светлина.

29. Потребно е толку малку енергија за да го наполните вашиот смартфон, што годишната потрошувачка би била помалку од 80 денари.

Ако сакате уште, погледнете ги и овие интересни психолошки факти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар