Неверојатни факти за светот кои ќе ги изненадат дури и најпаметните умови

Сите ние сме сигурни дека знаеме сè и дека не постои ништо на светот што може да нè изненади. Но колку само грешиме. Погледнете ги овие 30 факти кои сигурно ги немате слушнато и убедете се дека светот сепак е полн со многу изненадувања.

(1)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

1. За да разликувате вистински од лажен дијамант, доволно е да дувнете на него. Лажниот ќе се замагли, а вистинскиот ќе остане сјаен.

2. Лебарките можат да живеат неколку недели без глава. Потоа умираат од глад.

3. Средниот прст на Галилео Галилеј се наоѓа во Научниот музеј во Фиренца.

4. Ајфонот, книгите „Хари Потер“ и Рубиковата коцка се 3-те најпродавани производи во историјата на човештвото.

5. Мона Лиза неколку години се наоѓала во спалната соба на Наполеон Бонапарта.

(2)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

6.Фенотипот Бомбај е феномен каде што одредени елементи од крвта недостасуваат. Резултатот е личност со неколку крвни групи. Само 0,0004% од населението имаат ваква крв. Постои дури и посебно складиште за оваа крв за припадниците на групата да можат веднаш да добијат трансфузија ако имаат потреба од тоа. Интересно е што оваа уникатна крвна група може да биде користена кај секоја личност со некоја од другите крвни групи.

7. Покрај сетилата што ни се познати како мирис и допир, луѓето имаат уште едно сетило – проприоцепција. Ова сетило претставува свесност за положбата на деловите од телото.

8. Само 5% од населението на Бразил живее во Рио Гранде. Сепак, ова е местото од каде што потекнуваат 70% од бразилските модели.

9. Формата на бананите е резултат на нивното движење кон сонцето.

(3)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

10. „Мејдеј“ (mayday) е интернационален збор кој се користи наместо СОС во радио разговор.

11. Покемоните Хитмонли и Хитмончан се крстени по Брус Ли и Џеки Чен.

12. Шпанскиот збор „esposas“ истовремено значи и „лисици“ и „сопруги“.

(4)30-fakti-za-svetot-koi-kje-gi-iznenadat-duri-i-najpametnite-kafepauza.mk

13. Сината птица од логото на Твитер има име – Лери. Креаторите на социјалната мрежа ја крстиле птицата по кошаркарот Лери Бирд.

14. Во високите планински шуми на Непал, постојат џиновски пчели. Должината на нивните тела може да достигне и до 3 центиметри. Овие пчели произведуваат посебен вид мед кој предизвикува халуцинации. Луѓето кои живеат во тој предел го собираат и користат овој мед.

15. Кога слабеете или се здебелувате, вашите масни клетки не исчезнуваат туку само се менува нивната големина.

Погледнете ги останатите факти на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар