3 знаци дека никогаш не треба да ги искористувате пластичните шишиња за друга намена

3 знаци дека никогаш не треба да ги искористувате пластичните шишиња за друга намена

Пластичното шише е широко распространето низ светот, и најчесто не ни размислуваме за штетата што може да ни ја нанесе ако одново го полниме со вода. Со цел да ве предупредиме и да ви помогнеме да го заштитите вашето здравје, решивме да ги споделиме најголемите 3 начини на кои повторната употреба на пластичните шишиња влијае на вас и вашето тело.

1. Кои видови пластични шишиња испуштаат штетни хемикалии?

(1) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mk

Пластичните шишиња можат да испуштаат многу опасни хемикалии, па затоа внимавајте на специјалниот знак на дното, односно на нумерираните триаголници што ни покажуваат каква пластика била користена за изработка.

На пример, оние со ознака 1 (PET или PETE) се безбедни само за една употреба. Откако ќе ги изложите на кислород или на високи температури, и особено на сончева светлина, шишето ќе исфрли токсични супстанци што ќе навлезат во водата.

(2) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mk

По секоја цена избегнувајте ги оние што се означени со 3 или 7 (PVC и PC) бидејќи исфрлаат хемикалии што се способни да навлезат во вашите пијалаци и храна, а долготрајното изложување може да ви предизвика сериозни проблеми со здравјето.

Шишињата направени со полиетилен (2 и 4) и полипропилен (5 и PP) се безбедни за повеќе употреби, но само ако во нив чувате ладна вода и редовно ги дезинфицирате.

2. Пластичните шишиња се идеална површина за растење на бактерии

(3) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mk

Пиењето вода од искористени пластични шишиња е исто како да лижете тоалетна школка или кучешка играчка. Ако ги прашувате научниците, можеби дури и полошо. Количината на бактерии што расте во овие шишиња ги надминува сите безбедносни граници. Ние создаваме совршени услови за бактериите така што ги фаќаме шишињата со нечисти раце, не ги плакнеме доволно и чуваме топла вода во нив.

Па што треба да правите за да се заштитите? Редовно мијте ги шишињата со топла сапунеста вода, оцет или антибактериска течност за плакнење уста.

3. Внимавајте на грлото на шишето

(4) 3-znaci-deka-nikogash-ne-treba-da-gi-iskoristuvate-plastichnite-shishinja-za-druga-namena-www.kafepauza.mk

Дури и со темелното миење, ние сè уште можеме да се заразиме со труење од храна, па дури и со хепатитис А. Истражувањата покажуваат дека повеќе од бактериите живеат на грлото на шишињата бидејќи не се мијат доволно добро. Отворањето и затворањето со капаче дополнително предизвикува развивање на бактерии што подоцна ги голтате со водата. Па, за да бидете безбедни, користете цевка.

Како да одберете безбедни и нетоксични пластични шишиња и садови?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар