3 видови луѓе на кои не треба да им дозволите да влезат во вашиот живот

3 видови луѓе на кои не треба да им дозволите да влезат во вашиот живот

Односите се без сомнение најважниот дел од животот. Интеракцијата со другите луѓе го обликува и влијае на вашето искуство. Развојот на вашиот ум и душа зависи од луѓето со кои сте опколени. Постојат многу различни универзални пријатели кои се појавуваат во нашиот живот и кои можат да ни помогнат да станеме подобра личност. На пример, оние кои се добри слушатели, оние кои секогаш ја гледаат светлата страна, оние кои не се плашат да ја кажат вистината… Но, постојат и одредени видови луѓе кои не треба да имаат место во вашето срце, доколку сакате да живеете среќен живот. Обрнете внимание на овие 3 видови луѓе, бидејќи ако успеете да ги препознаете, можете да си заштедите голем број лоши искуства.

3 видови луѓе на кои не треба да им дозволите да влезат во вашиот живот

1. Манипулатор

Овие личности можат лесно да ве залажат и да ве наведат да помислите дека се нешто сосема друго одошто вие мислите. Поради некоја причина, нешто во нив им овозможува да бидат толку уверливи во својата лага, што многу често успеваат да ги измамат дури и вашите инстинкти. Нивната цел е да се вовлечат во вашиот живот, да ја заработат вашата доверба, а потоа да ве искористат за тоа што планирале. Без разлика дали станува збор за пари, секс, влијание или пак, само сакаат да си поиграат со вас, тие нема да се двоумат во својата намера. Ако почувствувате дека нешто не е во ред, не ја потиснувајте вашата интуиција. Најчесто има добра причина за тие чувства.

2. Насилник

Самиот збор кажува сè што треба да знаете. Овие личности доживуваат чудна исполнетост додека гледаат како другите патат. Преку омаловажување, во нив се развива чувство за вредност и потврда на својата надмоќ. Луѓето кои се насилници, најчесто длабоко во себе патат, па ако можат да направат и некој друг да се чувствува лошо, нивното расположение се подобрува. За да се справите полесно со овие луѓе, не сфаќајте сериозно ништо што тие кажуваат или прават. Иако не се секогаш свесни за тоа, тие најчесто водат битка со себе, а не со вас. Не се мешајте во оваа борба.

3. Его-манијак

Станува збор за личности кои се во контакт со вас само затоа што тоа им ја подобрува нивната слика за себе. Тие сакаат во очите на другите да изгледаат како личности со одреден статус и ако сметаат дека дружењето со вас ќе им го подобри нивниот социјален идентитет, тие никогаш нема да ве напуштат. Сè додека имаат корист за нивното его од вашата близина, тие ќе бидат покрај вас. Овие личности реално не се заинтересирани за пријателство и никогаш нема да бидат, па доколку се почитувате доволно, нема да им дозволите да ја исцрпуваат вашата енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар