3 неверојатно иронични вистински приказни

Речете дека се работи за карма, за некоја виша сила или за коинциденција, мора да признаете дека понекогаш иронијата знае да биде слатка, но и многу горка. Еве 3 вистински и неверојатно иронични приказни.

1. Глувци започнале пожар во кој погинале 100 мачки

Во засолниште за животни во Торонто, Канада, избил пожар во кој погинале 100 мачки, 3 кучиња и неколку стаорци. Во извештајот од истрагата пишувало дека пожарот го предизвикале глувци, кои ги џвакале каблите за струја.

При пожарот преживеале само 9 кучиња, 2 мачки и еден стаорец.

3 неверојатно иронични вистински приказни

2. На уметник му рекле да го наслика директорот кој го избркал од училиште

Дејвид Ингам на 12 години бил избркан од училиштето Ермистед од страна на директорот Марселус Форстер. Притоа му кажал дека нема да постигне ништо во животот.

Но… 55 години подоцна, му стигнала нарачка да наслика портрет од истиот директор. На 67-годишна возраст, Дејвид, кој станал професор по уметност, сепак го нацртал портретот за кој му бил потребен 1 месец работа.

3 неверојатно иронични вистински приказни

3. Човек се удавил на забава преполна со спасувачи

На крајот на јули, 1985 година, на градскиот базен во Њу Орелеанс била организирана забава која воедно била и прослава по повод ниедна жртва од давење за таа сезона. На забавата имало околу 200 луѓе, од кои 100-тина биле сертифицирани спасувачи.

Кога забавата завршила, спасувачите почнале да го чистат базенот кога на дното го пронашле 31-годишниот Џер Муди, целосно облечен. Се обиделе да го оживеат, но за жал било предоцна.

3 неверојатно иронични вистински приказни


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар