3 изненадувачки придобивки од лошото расположение

Светот е темно и тажно место ако постојано сте лошо расположени. Но, ако сте човек и ако понекогаш се чувствувате лошо, можеби тоа е добро за вас. Социјалниот психолог Џозеф Форгас ги посветил последните неколку години од неговиот живот за да ја проучува тагата, и дошол до многу интересни резултати.

3-iznenaduvachki-pridobivki-od-loshoto-raspolozhenie-kafepauza.mk

Според Форгас, а и други истражувачи, негативните мисли може да донесат позитивни резултати, како на пример, подобрена меморија и мотивација. Погледнете ги придобивките од лошото расположение.

1. Ја зголемува мотивацијата

Истражувањата покажале дека луѓето кои се лошо расположени, или тажни, многу е поверојатно да продолжат со работење на некоја тешка работа, за разлика од среќните луѓе.

2. Ја подобрува меморијата

Луѓето кои се лошо расположени многу полесно и подетално се сеќавале на некои настани. Позитивното расположение најверојатно предизвикува „стратегии на размислување“ кои не се многу внимателни. Ова има логика од гледна точка на еволуцијата. Животните кои се свесни за своето опкружување многу подобро ги воочуваат заканите.

3. Ја намалува лековерноста

Луѓето кои со лошо расположение се многу поскептични за работите кои ги слушнале. Тие поретко веруваат во митови и многу полесно ја забележуваат лагата.

Погледнете ги и овие начини за брзо подобрување на расположението.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар