28 хорор приказни во 2 реченици

28 хорор приказни во 2 реченици

Можете ли да се исплашите од приказна во 2 реченици? Ако не верувате, пробајте го предизвикот.

28 хорор приказни во 2 реченици

1. Не можам да се движам, да дишам, зборувам или да слушам, толку е темно цело време. Да знаев дека ќе биде олку осамено, ќе побарав да бидам кремиран.

2. Го покривав пред спиење, кога тој ми рече: „Тато, провери дали има некое чудовиште под мојот кревет“. Погледнав под креветот за да му биде интересно, и тогаш го видов него, уште еден тој под креветот, се ѕвери во мене и треперејќи ми прошепотува: „Тато, има некој на мојот кревет“.

3. Докторот му кажа на ампутираниот човек дека може одвреме-навреме да чувствува како раката да е сè уште на него. Никој не го подготви доволно добро за моментот кога почувствува како студени прсти му поминуваат по неговата веќе непостоечка рака.

4. Не плаши се од чудовиштата, само погледни дали се таму. Погледни лево, погледни десно, под креветот, зад плакарот, во плакарот, но никогаш не гледај нагоре, таа не сака да биде видена.

5. Се разбудив од звукот на тропање во стакло. Прво помислив дека е од прозорецот сè додека не слушнав дека повторно доаѓа од огледалото.

6. Се прашуваше зошто има две сенки. Сепак, имаше само една сијалица.

7. Насмеаното лице се ѕвереше во мене во темнината преку прозорецот во мојата спална соба. Живеам на 14-ти кат.

8. Во телефонот си најдов слика од себеси како спијам. Живеам сама.

9. Само што си го видов одразот. Трепна.

10. Вечерва работам сам во ноќна смена. Во визбата видов лице кое гледа во безбедносната камера.

11. Ги донесоа куклите во пластични кеси со меурчиња. Од другата соба слушнав како некој ги пука.

12. Си доаѓаш дома, уморен после долгиот работен ден, се спремаш да се опуштиш сам во ноќта. Посегнуваш по прекинувачот да запалиш светло, но веќе има друга рака врз него.

13. Ќерка ми не престанува да плаче и да вреска по цела ноќ. Ја посетувам на нејзиниот гроб и ја замолувам да престане, но тоа не помага.

14. Почнуваш да тонеш во сладок сон кога слушаш како некој го довикува твоето име. Живееш сам.

15. Лежиш во креветот, а нозете ти вират надвор од чаршавот. Чувствуваш рака која те грабнува за стапалото.

16. Луѓето на погребот никогаш не излегоа од катакомбите. Нешто ги држеше вратите на гробниците затворени однатре.

17. Жена ми синоќа ме разбуди да ми каже дека сме имале натрапник во куќата. Таа беше убиена од натрапник пред 2 години.

18. Сонував нешто убаво кога ме разбуди нешто што звучеше како мавање со чекан. После тоа, од моите гласни врисоци, едвај ги слушав придушените звуци на земјата која удираше врз ковчегот.

19. Последниот човек на Земјата седеше сам во соба. Некој му затропа на врата.

20. Откако се вратив од работа мртов уморен, видов како девојка ми го лула нашето бебе. Не знам што беше позастрашувачки, тоа што мојата мртва девојка го ниша нашето мртвородено дете или фактот дека некој го обил нашиот стан за да ги внесе.

21. Слушаш како мајка ти те вика од кујната. Таман да тргнеш надолу по скалите, слушаш шепот од плакарот: „Не оди таму злато, и јас го слушнав истото.“

22. Никогаш не заспивам. Но, постојано се будам.

23. Белешка од една медицинска сестра: Родено со 3,4 килограми, долго 45 см, има 32 целосно израснати заби, тивко е и константно се смее.

24. Таа појде горе да го провери бебето коешто спиеше. Прозорецот во собата беше отворен, а креветот беше празен.

25. Колку повеќе ја носев, толку повеќе како да сраснуваше за мене. Таа имаше навистина убава кожа.

26. „Не можам да заспијам“ – рече таа тивко додека се пикаше до мене во креветот. Се разбудив мртва ладна, стегајќи го во рацете фустанот во кој таа беше закопана.

27. Да известуваш прв кога ќе се случи сообраќајка е многу трауматично искуство за еден полицаец како мене. Но денес, кога смачканото тело на малото мртво момче врзано на седиштето, ги отвори очите и почна да ми се смешка, додека се обидував да го извлечам, веднаш знаев дека тоа ќе биде мојот последен ден на работа.

28. Отсекогаш мислев дека мојата мачка има проблем со зјапањето, секогаш изгледа како да се ѕвери во моето лице. Вака беше сѐ до денот кога сфатив дека гледала зад мене.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ups! Reply

    Fala, i onaka ne mislev da spijam vecerva… xD

  2. CreepyPaster Reply

    Ме интересира зашто не го оставате изворот и зошто авторот се кити со туѓи перја?

    • Кафе пауза Reply

      Со чиви перја тоа се китиме?

      • Анѓела Reply

        Некои од овие ги видов пример на 9GAG

        • Кафе пауза Reply

          Епа изворот не е 9GAG. Многу работи се споделуваат на многу сајтови. Тоа не значи дека си земаме заслуга за потеклото на секоја содржина, но со сигурност вложуваме во лична обработка и затоа постот како таков е излезен само на нашиот сајт (барем додека не го преземе некој од кај нас, со или без атрибурање на изворот).

          • M

            Kafe pauza,

            Vi sovetuvam da se pozanimavate okolu toa kako se citira soodvetno na website. Ako ste dodale/izmenile zbor-dva, toa ne ve pravi avtor na tekstot. Vie samo ste ja obrabotile sodrzinata i toa ne e vase delo. Dokolku e, isto taka ke navedete ime i prezime na avtorot.

            Pozdrav

  3. Lily Reply

    Најголем хорор овде е ужасниот превод на реченициве!

  4. Katherine Reply

    Незнам за вас ама ова по страшно е од еден хорор филм да изгледаш.

  5. nyancat Reply

    izmisliciiiiiiii……

  6. argaerh Reply

    Пробајте да ги читате во темно кога сте сами и пуштете го ова https://www.youtube.com/watch?v=ecsrMCpviG8 ќе се усерете…

    • asag Reply

  7. asag Reply

    a da se nafati nekoj da gi dovrsi ovie ? jako ke bide

  8. Зоро Reply

    Слушаш како мајка ти те вика од кујната. Таман да тргнеш надолу по скалите, слушаш шепот од плакарот: „Не оди таму злато, и јас го слушнав истото.“
    – и се јавуваш на мајкати да провериш и она вика дека е на работа 😀

Напиши одговор на argaerh Откажи одговор