25 важни нешта што ги научивме од филмовите

25 важни нешта што ги научивме од филмовите

Секој од нас научил многу од холивудските филмови. Всушност, голем дел од работите кои ги знаеме за светот, сме ги научиле од филмовите. Да го земеме богатството од референци од поп-културата, музиката, цитатите, па дури и поимањето како треба да изгледа една успешна врска, сето ова во нашиот мозок е зачувано благодарение на филмската индустрија.

(5)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)

Иако нешто од ова може да соодветствува со реалноста, генерално вистината во филмовите е извртена. Холивуд нѐ научи дека ако двајца навистина се мразат еден со друг, на крај голема е веројатноста да завршат заедно. Можете и да се обложите дека ова е точно. Како што веќе сигурно заклучивте, сите примери од нашата листа не се вистинити. Значи од филмовите научивме и многу нешта кои немаат допир со реалноста.

Знаејќи го ова, да видиме што знаеме за животот во Холивуд. Од селани кои живеат во 10 век и имаат совршени заби до вселенски бродови со внатрешен систем за гравитација кој функционира без разлика на турбуленциите.

1. Дури и кога се сами, странците меѓу себе разговараат англиски.

2. Ајфеловата Кула се гледа од секој прозорец во Париз.

5-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk

3. И фотографиите со најлош квалитет можат да се зумираат и кристално јасно да ни ги прикажат и најминијатурните детали.

4.Кучињата секогаш лаат на лошите момци.

5. Кучињата секогаш преживуваат.

6. Колите после секој судар се проголтани во пламен.

(3)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)

7. Внатрешниот систем за гравитација на вселенските бродови функционира без разлика на оштетувањата на бродот.

8. Ако кашлате веројатно сте смртно болни. Најчесто од рак.

9. Во минатото луѓето имале совршено здрави заби.

10. На гробишта секогаш врне дожд.

11. Членовите на семејствата не личат еден со друг.

12. Електричните огради кои можат да осакатат Тираносаурус, не им можат ништо на малите деца.

(2)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)

13. Шминката не се разлева кога нуркате. Поточно, никогаш не може да ја извадите.

14. Возможно е да се спасите од голема експлозија.

15. Ако двајца се мразат, веројатно ќе се заљубат еден во друг.

16. Секогаш има слободно паркинг место пред зградата во која треба да влезете.

17. Во секој авионски лет има доктор, со спремен куфер со потребни препарати.

18. Вонземјаните течно зборуваат барем еден човечки јазик. Најчесто англиски.

(1)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)

19. Ако имате кошмар веднаш скокате и почнувате тешко да дишете.

20. Луѓето многу ретко одат во тоалет, а ако одат, најчесто таму некој ги претепува.

21. Никогаш не мора да гледате во паричникот кога плаќате.

22. Ако некогаш сакате да влезете во нацистичко упориште, треба само да го совладате стражарот. Неговата униформа секогаш ви е точна и потоа само треба да зборувате англиски, со германски акцент.

(0)-25-vazhni-neshta-shto-gi-nauchivme-od-filmovite-kafepauza.mk (1)

23. Луѓето ги затвораат очите кога умираат.

24. Терористите секогаш имаат свои канцеларии во ноќни клубови.

25. Ако некогаш се најдете во улична тепачка, вашите непријатели трпеливо ќе ве напаѓаат еден по еден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар