25 уникатни видови општествени уредувања за кои веројатно не сте слушнале

На луѓето им се потребни ред, мир и просперитет, а во ова голема улога игра општественото уредување. Сепак, секој има различно мислење за тоа како треба да изгледа едно општество уредување. Од монархии до демократии, пробани се многу системи на владеење. Додека некои се одлични за напредок и за заштита на човечките права, други идеи се покажале како вистинска катастрофа. Денес демократијата е најпопуларен облик на општествено уредување, но погледнете и некои од помалку познатите.

25 уникатни видови општествени уредувања за кои веројатно не сте слушнале

1. Логократија

Овој систем потекнува од авторот Вашингтон Ирвин кој ја опишал САД како логократија во неговото дело „Салмагунди“ (Salmagundi). Ова е систем создаден и владеен од зборови.

2. Плутократија

Плутократијата е општество владеено од богатите, директно или индиректно. Може да биде искажано преку разни одлуки, особено ако мнозинството ги донесуваат богатите. Исто така овде се појавува нееднаков раст на приходот.

3. Егзилархија

Ова е владеење на етничка или религиозна група наместо на географска локација. Лидерот има почесна моќ и ги контролира само своите следбеници. Пример за ова е Далај Лама.

4. Технократија

Во технократијата изборот се носи врз основа на техничкото искуство на личноста. Технократите донесуваат одлуки врз основа на нивното искуство и методологија наместо на мислењето на јавноста.

5. Клептократија

Клептократијата е влада на крадци. Тие ги користат луѓето и ресурсите на државата за свое богатење. Лидерите наоѓаат начин да проневеруваат пари од државниот фонд.

6. Минархизам

Минархизмот е форма на либертарианство кој овозможува минимални услуги за државата, како имање војска. Исто така овде постои верувањето дека услугите треба да ги нудат помали невладејачки групи наместо голема владејачка целина.

7. Демархија

Волонтери формираат мали групи преку случајна селекција и добиваат одредени задачи. Позициите имаат временско ограничување, а новите луѓе се одбираат случајно.

8. Таласократија

Ова е древен вид општествено уредување кое во превод значи „владетел на морето“ или оние што го поседуваат морето. Ова уредување не е стабилно бидејќи штом е уништена морнарицата се губи моќта.

9. Гениократија

Во овој случај со државата владеат само интелигентни луѓе. Се користат тестови за интелигенција за да се одреди правото на гласање и правото за кандидирање.

10. Меритократија

Наместо интелигентните луѓе, овде владеат вредните и успешните кои имаат вештини од неколку области. Се движат напред во власта во зависност од нивните достигнувања.

11. Етнократија

Етнократијата е владејачко тело кое е водено од само една етничка група. Може да се појави и во демократско општество каде што владејачката етничка група има повеќе привилегии од малцинството.

12. Диархија

Диархијата потекнува од Индија и го дели владејачкото место на 2 дела. Еден до друг владеат и кралското семејство и владата.

13. Дистрибуирана влада

Ова е модел кој ја користи поврзаноста на Интернетот. Наместо одлуки да донесуваат селектиран број луѓе, во ова можат да учествуваат многумина од разни локации.

14. Охлократија

Во овој случај власта ѝ припаѓа на широката маса. Наместо со демократски процес, масата го презема владеењето преку насилство, најчесто бунт.

15. Футархија

Првично предложено од Робин Хансон, ова општествено уредување не се фокусира на гласање за политичари, туку за вредности.

16. Тимократија

Како дел од 5-те режими на Платон, тимократијата го сместува имотот како највреден и има воин кој го бара доброто од луѓето. Обично овие луѓе се „живи“ но со не многу голема интелигенција.

17. Нетократија

Со развојот на Интернетот, Александар Бард ја предложи идејата за нетократија, односно свет владеен од интерактивни мрежи. Контролирајќи ги мрежите, вие би имале моќ да контролирате други влади, луѓе и полиси.

18. Течна демократија

Ова општествено уредување им овозможува на сите да гласаат за сите проблеми, или пак делегат да гласа во нивно име. Во минатото било потешко да се имплементира овој систем, но со предноста од Интернетот многумина веруваат дека е возможно.

19. Ноократија

Ова е футуристичко општествено уредување каде што комбинација од биолошки и вештачки умови владее со светот. Преку информациски мрежи, овој заеднички ум би владеел со интелигенција.

20. Ергатократија

Слично на комунизмот, ергатократијата е општество владеено од работничката класа.

21. Дистрибутизам

Спротивно на комунизмот кој го става богатството во рацете на државата и капитализмот кој го става богатството во рацете на олигарсите, дистрибутизмот се фокусира на „разделување“ на богатството, моќта и имотот на сите луѓе. Со ова на сите им се дава еднаква шанса за успех.

22. Стратократија

Во овој случај владее војската. За разлика од воената диктатура каде што нивната моќ не доаѓа од закони, моќта на владејачката војска потекнува од законите.

23. Електрократија

Иако звучи како демократија, постои разлика. Електрократијата им овозможува на луѓето да гласаат за нивната влада, но не им дава право на глас во политичкиот процес или во носењето одлуки.

24. Теократија

Теократијата е владеење на Бог преку свештеници. Еврејскиот историчар Флавиус Јосеф го создал терминот обидувајќи се да го објасни еврејскиот политички систем.

25. Анархокапитализам

Овде постои идејата за отстранување на државата и владеење на слободниот пазар. Се верува дека законите на економијата самите ќе се справат без влада која ќе ги регулира.

Прочитајте и за илузиите од општеството кои ги прифаќаме како реалност.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар