25 помалку познати факти за менструацијата

25 помалку познати факти за менструацијата

Факт е дека менструацијата не ни е баш омилена појава, но поради неа знаеме дали нешто (не) е во ред со нашето здравје. Да, навистина имаме непријатни болки поради кои се чувствуваме како некој да нѐ мавал по стомакот и чувство како да носиме пелени, секако да не заборавиме на чудните и ненормални желби за храна и промени во расположението, но од менструацијата најмногу можеме да дознаеме за нашето здравје. Погледнете ги овие 25 факти и научете нешто повеќе за најпознатиот женски феномен.

0-25-pomalku-poznati-fakti-za-menstruacijata-kafepauza.mk

1. Менструацијата ве прави помалку привлечни – тоа е биолошки факт

Нивото на тестостерон кај мажите е директно поврзано со мирисот на жената, кој станува поинаков за време на менструалниот циклус. Едно истражување во кое мажите мирисале маички од жени кои овулирале покажало дека нивните нивоа на тестостерон тогаш нагло растат, а кога мирисале маички од жени кои не овулурале тие се намалиле. Уште едно истражување покажало дека стриптизерките заработуваат двојно повеќе кога овулираат за разлика од тогаш кога имаат добиено месечен циклус.

2. Уште еден биолошки факт: Менструацијата ве прави повеќе „запалени“

Прогестеронот го намалува женското либидо, но при менструација жените произведуваат помалку прогестерон – што ги зголемува шансите да посакуваат секс за време на оваа фаза.

3. Просечната количина крв која ја испуштаме за време на месечниот циклус е од 28 мл до 118 мл

Просечната количина на крв која се испушта за време на месечниот циклус е околу 42 мл, вклучувајќи ги грутките крв. Ако испуштите поголема количина од 118 мл тогаш тоа може да биде индикатор на сериозен проблем.

4. Жените во западните култури добиваат по околу 450 менструации во текот на нивниот живот

Ова е многу поголема бројка од праисториските жени – тие добивале менструација само 50 пати во текот на животот. Исто така, оваа бројка е поголема одошто кај модерните жени во аграрните предели кои добиваат менструација само 150 пати. Заклучокот е дека капитализмот го зголемува бројот на менструации.

5. Просечната жена 10 години од животот ќе ги потроши на менструација

Со други зборови, околу 3.500 дена.

6. Просечната жена ќе употреби 11.000 тампони во нејзиниот животен век

Иако не е препорачливо, со толкава количина можете да си направите куќичка.

7. Може да користите тампони и сепак да сте невини

Тампоните се помали и потенки од пенисот, па така безбедно може да ги внесете во вагината без да го скинете хименот. Плус, невиноста се губи со првиот секс, не со кинење на хименот.

8. Најголем број девојчиња првата менструација ја добиваат на 12 години

И тоа трае до околу 50-тата година од нејзиниот живот.

9. Порано, девојчиња добивале менструација на 16-17 години

Во 1800, просечната девојка добивала менструација кога веќе била навлезена во пубертетот. Во денешно време, поради подобрената исхрана и зголемените нивоа на стрес пубертетот започнува порано.

10. Сосема е нормално да имате нередовна менструација до 18-тата година

Вообичаено се потребни неколку години за да се регулира циклусот. Менструалните циклуси кои доаѓаат порано можат да траат многу кратко (21 ден) или многу долго (45 дена) но тие вообичаено се регулираат до 18-тата година.

Продолжува на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар