25 неверојатни искуства близу до смртта кои ќе посакате да се вистинити

Секој од нас се има прашувано како изгледа смртта. Дали само заспиваме? Дали го напуштаме телото пред срцето да престане да чука? Иако никој досега не се вратил да ни каже, постојат луѓе што биле на работ на смртта и нивните приказни се едноставно неверојатни!

1. Мелен Томас Бенедикт

(1)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Успешниот холивудски камерман, во 1982 година бил дијагностициран со рак. Ова му го овозможило искуството близу до смртта во кое тој тврди дека ја набљудувал целата историја во еден момент. Откако се вратил во неговото тело, на големо изненадување на докторите, неговиот рак се повлекол. Оттогаш Бенедикт го посветил својот живот на политички и социјални цели.

2. Колтон Бурпо

(2)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Кога Колтон имал 4 години, неговото слепо црево пукнало и му била потребна итна операција. Потоа тој им кажал на неговите родители дека бил во рајот и дека го видел Бог, Јован Крстител и многу членови од семејството кои никогаш досега ги немал запознаено. Неговиот татко напишал книга, „Рајот е вистински“ (Heaven is for Real) во која го опишува искуството на Колтон.

3. Беркли Картер Милс

(3)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Беркли привлекол многу внимание со тоа што станал најмлад татко кој добил старателство на дете во развод. Кратко потоа тој бил притиснат од пакет со компресиран картон на неговото работно место. Тој имал искуство близу до смртта кое го опишал како напуштање на телото, поглед низ универзумот и средба со Бог. Кога се вратил во своето тело тој одбил медицински третман и се одлучил самиот да се лекува.

4. Иан МекКормак

(4)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Иан бил убоден од медуза додека нуркал околу островот Маврициус. Додека да стигне брзата помош, тој бил клинички мртов речиси 20 минути. Подоцна тој рекол дека видел слика од мајка му како клечи и се моли за него, па бил преместен на некое мрачно место и слушал гласови кои му кажувале дека е во пеколот. Конечно, се придвижил нагоре кон некоја силна светлина која ја препознал како Бог. Оттогаш Иан го раскажал своето искуство на неколку емисии.

5. Ханг Жиу Чуан

(5)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Кинескиот селанец Ханг бил во делириум 40 дена и речиси го загубил животот. Кога се разбудил тој бил убеден дека е помладиот брат на Исус Христос и дека неговата цел е да ја оттргне тогашната власт во Кина. Со текот на времето собрал многу следбеници и започнал граѓанска војна. До денес, ова е една од најкрвавите револуции во историјата.

6. Бен Бридлов

(6)25-everojtani-iksustva-blizu-d-smrtta-koi-kje-posakate-da-se-vistiniti-kafepaua.mk

Бен бил Јутубер во Тексас кој страдал од проблеми со срцето. Тој почнал да објавува видеа со неговите многубројни искуства близу до смртта кои ги имал уште од детството. Во едно од неговите видеа тој го спомнува неговиот омилен рапер, Кид Куди, кој всушност го изгледал видеото. Кратко потоа, Бен умрел од срцев удар.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар