25 најчудни митски предмети на сите времиња - Part 2

25 најчудни митски предмети на сите времиња

6. Мјолнир – чеканот на Тор

(6)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Чеканот на Тор можел да предизвика гром, а можеле да го кренат само оние кои се „достојни“ и секогаш се враќал како бумеранг кај оној што го фрлал. Тор го добил чеканот од Локи, а во замена дозволил Локи да ѝ ја исече косата на неговата жена, Сиф. Чеканот бил направен од две џуџиња, Брок и Синдри, кога Локи им рекол дека не можат да направат нешто поубаво од она што веќе го имале направено. Кога Локи го изгубил облогот, кој бил неговата глава, тој истакнал дека го ветил својот врат, а не главата, па затоа не можеле да му ја пресечат. Наместо тоа, џуџињата му ја зашиле устата.

7. Пандорината кутија

(7)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Постојат многу претставувања на Пандорината кутија во модерната култура. И фразата „Ја отвори кутијата на Пандора“ значи да се започне нешто што не може да се сопре. Во грчката митологија, Пандора била првата жена на Земјата. Таа била направена од земја и вода од боговите, и секој од нив ѝ дал некој подарок. Еден од боговите ѝ дал кутија која ги содржела сите зла на земјата, како и најлошата верзија од Пандора и имало инструкции да не ја отвора. Но, Пандора ја отворила и цело зло излегло на Земјата, оставајќи само малку надеж внатре во кутијата.

8. Стапот на Дагда

(8)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Келтскиот бог Дагда ја имал моќта над животот и смртта, жетвата, времето и сезоните. Тој бил познат како добар бог и имал стап со кој можел да убие 8 луѓе со еден удар. Дршката на стапот можела да подари живот.

9. Глепнир

(9)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Глепнир е магично јаже од нордиската митологија. Со јажето е врзан волкот Фенрир и кога тој ќе се ослободи, ќе го убие Один. Јажето Глепнир е посилно од кој било ланец, но е тенко како свила. Тоа било направено од џуџињата од 6 невозможни состојки: Звук на мачкин чекор, стапало на планина, брада од жена, здив од риба, плунка од раѓање и жили од мечка.

10. Книгата на Тот

(10)25-najchudni-mitki-predmeti-na-site-vreminja-kafepauza.mk

Оваа книга доаѓа од древен Египет и е напишана лично од богот Тот. Книгата содржела магии за разбирање на јазиците на животните и боговите и се верувало дека во неа е целата магија во светот. Ако ја прочитате првата страна ќе го маѓепсате небото, планините и морето. Но, оваа книга била проколната. Првиот принц кој ја нашол ги убил своите жена и дете, а потоа се самоубил. Тој бил закопан со книгата и гневот на Тот конечно бил смирен.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар