25 начини на кои можете да препознаете Македонец секаде низ светот

Дали некогаш сте се запрашале што е тоа што ве прави Македонец? Или пак, што е тоа што целата ваша фамилија ја издвојува од некоја германска или кинеска фамилија? Постојат многу нешта кои нè издвојуваат од останатите луѓе, нешта кои можат да се забележат кај сите на Балканот, со варијации секако. Па, ајде да видиме дали сте вистински Македонци… Во колку од овие точки се пронаоѓате?

(5) 25 начини на кои можете да препознаете Македонец секаде низ светот

1. Вашата баба вели дека промајата убива.

2. Мора да делите соба со браќата/сестрите барем до 27 години (ако не и повеќе).

3. Сите имате прекари кои ни најмалку не се слични со вашето вистинско име.

4. Имате плетен чаршав на вашата кујнска маса.

5. Вие сте оние кои стојат до двата најголеми куфери на аеродром.

(2) 25 начини на кои можете да препознаете Македонец секаде низ светот

6. Зборувате цел час на врата пред да си заминете од нечиј дом.

7. Вашата мајка ви вели дека сте преслаби, дури и покрај тоа што имате прекумерна тежина.

8. Вашиот дом е преполн со медикаменти за сите видови здравствени проблеми.

9. Вие и вашите пријатели барем еднаш сте биле исфрлени од ресторан, музеј или парк затоа што сте биле премногу гласни или насилни.

10. Доцните 2 часа на забава или на гости и тоа е сосема нормално за вас.

(3) 25 начини на кои можете да препознаете Македонец секаде низ светот

11. Ги користите кесите од пазарење за собирање на ѓубрето.

12. Не знаете како да користите машина за садови бидејќи секогаш рачно ги миете садовите.

13. Поголемиот дел од вас имаат дедовци кои колеле прасе или јагне.

14. Доколку не живеете веќе дома, кога вашите родители ќе ви се јават, првото нешто што ве прашуваат е дали сте јаделе. Дури и ако е полноќ.

15. Кога одите фамилијарно на плажа, со вас носите цел тон торби, пешкири, храна, пијалаци, играчки…

(4) 25 начини на кои можете да препознаете Македонец секаде низ светот

16. Вашата 15-годишна сестра може да испие повеќе алкохол од кој било друг човек на планетава (со исклучок на Русите, големи се шансите дека со нив е на исто ниво).

17. Возите подобар автомобил од оној на вашите родители.

18. Имате сосема нова кујна, но вашата мајка готви во подрум со рерната од вашиот стар дом.

19. Го базирате целиот ваш живот врз основа на она што ќе ви го „видат“ во талогот од кафе.

20. Сè што јадете изобилува со лук и кромид.

(1) 25 начини на кои можете да препознаете Македонец секаде низ светот

21. Кога патувате, секогаш носите барем едно шише ракија во пластично шише, замотано во многу облека.

22. Имате 17 согласки и само 3 самогласки во вашето презиме.

23. Сосема е нормално на вашата свадба да има 500 луѓе.

24. Носите дизајнерска облека кога одите да вежбате.

25. Сигурно кимнувате со главата и се смеете на повеќето од овие нешта.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар