25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

Иако звучи навистина интересно да држите некој светски рекорд, постојат рекорди кои никој не сака да сруши. Од преживувањето најмногу удари од гром, сè до издржувањето на најсилниот удар во препоните, погледнете ги 25-те бизарни светски рекорди што никој не сака да ги надмине.

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

1. Најголемо растојание преживеано во торнадо

На 12-ти март 2006 година, 19-годишниот Мат Сутер бил „собран“ од торнадо со неговиот автомобил во Мисури, САД. Изгубил свест и се разбудил 398 метри подалеку.

2. Најдолго влечење од коњ со запалено тело

Како влечењето од коњ да не е доволно, Џозеф Тодлинг го запалил своето тело додека го поставувал овој неверојатно болен рекорд. Растојанието кое го поминал било 500 метри.

3. Најдолгиот проголтан меч

Рекордот ѝ припаѓа на Наташа Верушка. Овој подвиг се случил на 28 февруари 2009 година, со меч кој бил долг 58 центиметри.

4. Најдалечно прскање со млеко

Во еден од најлудите рекорди на сите времиња, Илкер Јилмаз прскал млеко од своите очи на растојание од 279,5 центиметри.

5. Најголем камен во бубрег

На 18-ти февруари 2004-тa година, на Вилас Гуџ му бил отстранет камен од бубрегот кој имал цели 13 центиметри.

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

6. Најдолго време поминато во ходник во болница

Кога Тони Колинс, дијабетичар од Англија, пристигнал во болница на 24-ти февруари 2001-ва година, не знаел дека ќе постави нов рекорд. Откако му рекле дека ќе треба да почека за болнички кревет, тој поминал 77 часа и 30 минути во ходникот на кревет за транспорт на пациенти.

7. Најмногу ротации висејќи од дупчалка

Најмногу ротации во минута висејќи од дупчалка е 148. Овој луд рекорд го држи Хју Џианг од 23-ти декември, 2008-ма година.

8. Најголем предмет отстранет од човечки череп

Во 1998 година, Мајкл Хил бил прободен во главата со огромен нож. Но, преживеал и од главата му бил отстранет ножот од 20 центиметри. Иако преживеал, настанале неколку компликации како губење на меморијата и напади.

9. Најмногу штипки на лицето

Најголем број штипки за облека кои се ставени на нечие лице за 1 минута е 51. Овој болен светски рекорд бил постигнат на 27-ми декември, 2012 година од страна на Силвио Саба.

10. Најмногу скршени коски

Пионерот во долги скокови со мотор, Евел Книвел, наводно преживеал 433 скршеници на коските во текот на неговиот живот.

25 бизарни светски рекорди кои никој не сака да ги сруши

11. Најмногу помирисани стапала и пазуви

Маделин Албрехт го држи нај… интересниот рекорд. Таа помирисала околу 5.600 стапала и неодреден број пазуви додека работела во истражувачка лабораторија во Охајо, во период од 15 години.

12. Најмногу паѓања на тест за возачка дозвола

Постара жена од Јужна Кореја, позната и како баба Ча Са-Сун станала позната откако конечна ја добила возачката дозвола – по 960-тиот обид. Со 959 неуспешни полагања, таа го држи овој рекорд.

13. Најтешкиот автомобил балансиран на глава

Британецот Џон Еванс балансирал автомобил од 160 килограми на неговата глава, и тоа цели 33 секунди.

14. Преживување најмногу удари од гром

Рој Саливан бил познат како човечки спроводник на молња. Во текот на неговиот живот тој бил удрен од гром дури 7 пати и ги преживеал сите удари.

Продолжува на следната страница


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар