23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

Пријателствата започнати во средно училиште се оние кои траат вечно. Особено кога станува збор за две пријателки, нивното заедничко искуство во овие години прави тие да бидат силно поврзани и едноставно да не можат да си го замислат животот една без друга. Токму затоа, ако имате и вие најдобра пријателка од средно училиште, без сомнение ќе се пронајдете во поголемиот дел од овие 23 нешта…

1. Голем дел од вашите разговори се насочени кон потсетување на минатото.

Кога реченицата ќе започне со „Се сеќаваш ли кога…“ веднаш знаете дека ќе се вратите во минатото.

(1) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

2. И најчесто овие разговори завршуваат со голема смеа.

Само оние кои биле таму можат да сфатат.

3. Имате опасно голем број непријатни фотографии една од друга.

Во погрешните раце тие би можеле да бидат смртоносни, но вие знаете дека се безбедни кај вашата пријателка.

4. Многу добро го познавате нејзиното семејство, но и таа вашето.

Тие дури и ве сметаат како ќерката која никогаш не ја побарале…

(2) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

5. Најмногу затоа што често останувате во нивниот дом за вечера.

И поради непријатните разговори кои ги имате со нејзиниот татко додека ја чекате вашата пријателка да се подготви за излегување.

6. Вие сте пријатели на Фејсбук и со нејзините далечни роднини.

Бидејќи дури и тие ве сметаат како дел од фамилијата.

7. Се чувствувате неверојатно удобно во нејзино присуство, како и таа во вашето.

Можете целосно да се опуштите и да бидете онаа личност која сте, без да се плашите од осуда.

(3) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

8. Не се чувствувате глупаво да поставувате било какви прашања, во било кое време.

Без разлика на местото каде што се наоѓате.

9. Секогаш знаете кога таа се чувствува лошо, дури и преку начинот на кој пишува пораки.

Едно смајли помалку од вообичаено сигурно значи голем проблем.

10. Кога таа не се чувствува добро, вие секогаш ќе бидете покрај неа.

Бидејќи знаете дека ако вам не ви е добро и таа ќе биде покрај вас.

(4) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

11. Не се срамите да ги споделите вашите најлоши тајни.

Баш напротив, вие заедно го споделувате товарот при чувањето тешки тајни.

12. И можете целосно да бидете искрени една кон друга.

Знаете дека таа ќе ви ја каже вистината, дури и ако не сакате да ја чуете.

13. Нејзините непријатели се и ваши непријатели.

Светот знае дека ако има проблем со неа, ќе има и со вас.

(5) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

14. Особено кога станува збор за бивши дечковци.

Вие секогаш сте на нејзината страна.

15. И секогаш се чувате.

Без разлика што животот ќе фрли кон вас, вие имате личност со која можете заедно да се соочите.

16. Имате тон шеги кои никој друг не ги разбира.

Со оглед на тоа колку време поминувате заедно, чудно како немате повеќе.

(6) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

17. Секогаш си позајмувате нешта, но никоја од вас не внимава што.

Во еден момент сигурно во вашиот шкаф сте имале повеќе нејзини алишта, отколку ваши.

18. Вие сте секогаш први кои коментирате или лајкувате на вашите статуси.

Тоа е едноставно љубезно од ваша страна.

19. Одамна не ги почнувате разговорите со „здраво“ и веднаш преминувате на важното…

Нема потреба да должите.

(7) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

20. Бидејќи сте во комуникација 24/7.

Плус нема поента да го трошите вашето време на глупости, кога има поважни работи за озборување.

21. Кога подолго време ќе поминете без да разговарате, се чувствувате како нешто да не е во ред.

Таа почнува сериозно да ви недостасува.

22. Но, кога сте во контакт, сите нешта ви изгледаат многу подобро.

И никогаш нема да си здодеете една на друга.

(8) 23 нешта кои можат да ги разберат само оние кои се пријателки уште од средно училиште

23. Бидејќи без разлика на тоа колку вашите патишта ќе ве оддалечат, вие ќе бидете тука една за друга.

Засекогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар