23 цитати од Деми Ловато кои ќе ви помогнат да ги пребродите вашите најтешки денови

На сите ви е добро познато дека Деми водеше голема војна со нејзината депресија, нарушувањето во исхраната и повредите кои си ги нанесуваше самата. Но, сепак во сето тоа има неколку добри страни – таа стана позрела личност, одговорна за своите постапки и најважно од сè, научи дека другите луѓе не може да ја дефинираат нејзината убавина и начинот на којшто таа се чувствува во сопственото тело. Веднаш потоа, таа започна да ги охрабрува своите фанови кои се бореа со истите проблеми како неа. Нејзините искрени, силни и мотивирачки цитати ќе успеат да ве „извлечат“ дури и од најтешките денови во вашиот живот.

1-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_

За борбата против депресијата и ниската самодоверба

„Еден од најстрашните моменти во животот е кога ќе сфатите дека единствената личност која може да ви помогне сте самите вие.“

„Би сакала луѓето да разберат дека мозокот е најважниот орган во телото. Само затоа што не може да го видите како што не може да ја видете скршената коска, не значи дека (неговата повреда) не е штетна и катастрофална за семејството или поединецот.“

„Една од причините поради која бев несреќна со години беше тоа што никогаш не ги прифатив моите емоции и се обидував да ги контролирам. Во третманот, сите негативни работи кои ги правев беа тргнати настрана и морав да почнам да ги обработувам моите емоции.“

„Ако минувате низ тежок период, одете кај вашето семејство и пријателите. Не ставајте се себеси во опасност. Од суштинско значење е да ги исфрлете вашите чувства надвор од себе – но, никогаш немојте да го повредувате вашето тело, бидејќи тоа е свето. Би сакала да можам да ѝ кажам на секоја млада девојка која има проблеми со нарушување во исхраната или која се повредила самата на кој било начин, дека таа заслужува да живее и дека животот има смисла. Вие може да поминете и да надминете сè.“

2-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_

За созревањето и пронаоѓањето на сопствената среќа

„Јас не дозволувам нечија несигурност, емоции или мислење да ми пречи. Најважно за мене е јас да бидам среќна. И во ред е понекогаш да бидете себични за тоа, бидејќи станува збор за вашата добросостојба. Правете го она што ве прави среќни и не грижете се што мислат другите луѓе за вас.“

„Претходно мислев дека самодовербата доаѓа од тоа што другите го мислат за мене, од момчињата и сè останато. Но сега научив дека самодовербата доаѓа од она што јас го чувствувам за себе и од себеуверувањето дека можам да правам сè што сакам и да бидам она што сакам.“

„Јас не ја доведувам мојата самопочит во прашање. Знам дека ако мојата кариера утре се распадне – дури и да немам повеќе пари и слава – јас сè уште ќе ја имам вредноста на мојата душа, бидејќи знам дека можам да влијаам врз животот на некој друг.“

„Ако не ги сакате вашите недостатоци и несовршености, не може да очекувате некој друг да ги сака. Сите ние сме различни. Пронајдете ги вашите недостатоци и несовршености и започнете да ги прифаќате, бидејќи тие се дел од вас. Бидете горди на својата оригиналност. Не постои никој друг на светот како вас.“

3-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_

За сакањето на сопственото тело и чувствувањето дека сте убави

„Мислам дека лузните се како рани од битки – убави, на некој начин. Тие покажуваат низ што сè сте поминале и колку сте силни штом сте излегле од тоа.“

„Постојано го слушам изразот ‘простор меѓу бутовите’ а кога го слушате постојано, тоа се заглавува во вашата глава. Мислам дека е важно некој да каже ‘Еј, ако вие го немате ова, не значи дека не сте убави и не значи дека немате убаво тело’. Јас природно немам убаво тело, но се чувствувам пријатно во него. Вежбам и го направив здраво. Јас стигнав далеку и се гордеам на моето тело кое го имам денес – и сакам сите жени да го чувствуваат истото.“

„Јас подобро би била силна и среќна отколку да бидам она што општеството го смета за тенко и совршено и да се чувствувам мизерно.“

„Сите ние имаме проблематични области. Јас секогаш ќе имам крупни бутови. Не можам да го сменам тоа и опсесијата со тоа само ќе направи да се чувствувам мизерно. Да научиме да бидеме благодарни за нашите тела и да се грижиме за нив – тоа е најдобриот начин да се зајакнеме физички, психички и духовно.“

„Треба да има повеќе различност на телевизија, за младите девојки додека растат да не чувствуваат притисок дека треба да изгледаат на специфичен начин. Високи, слаби, заоблени, ниски, какви и да сте, вие сте убави.“

4-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_

За остварувањето на целите и за неоткажувањето

„Може да го свртите текот на вашиот живот. Може да поминете низ пеколот и назад. Можно е! Никогаш не се потценувајте себеси. Верувам во вас!“

„Јас навистина сум горда што сум сведок на тоа дека жените од сите страни на светот слободно го користат својот глас и зборуваат за еднаквоста – и се обидуваат да направат разлика… Јас мислам дека е важно жените да ја пронајдат својата самодоверба и да не дозволат ништо да ги запре.“

„Секогаш ќе има луѓе кои нема да ве сакаат, но не дозволувајте тие да влијаат на вас. Не им дозволувајте да земат дел од вас.“

„Без разлика кои сте, од каде доаѓате, низ што сте поминале… Вие може да направите промена во светот.“

„Животот е скапоцен и она што го правите со него е она што ве одржува живи однатре. Не е доволно само да живеете и да го земете овој подарок здраво за готово. Секој од нас има стравови, но колку повеќе работиме на нив, толку повеќе сме во можност да уживаме во нашите животи.“

5-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_

За закрепнувањето и останувањето силни

„Бидете трпеливи, бидејќи за вистинските промени е потребно време. Јас имав навика да барам на Гугл ‘Како да изгубите тежина за една недела’, но светот не функционира на тој начин. Ако сакате да изгубите тежина, треба да работите на тоа. Ако сакате да станете посилни, треба да работите на тоа. Секој друг начин нема да биде здрав и нема да трае долго време.“

„Јас мислам дека нема да постои ден кога нема да мислам на храна и на моето тело, но живеам со тоа. Сакам да им кажам на сите млади девојки да пронајдат безбедно место и да останат таму.“

„Сè ќе биде во ред. Без разлика колку силно сте паднале на дното, може да се подигнете и повторно да бидете силни како претходно.“

„Знам дека моето минато секогаш ќе биде дел од мене, но не сакам тоа да ме дефинира која сум… Возбудена сум што живеам во сегашноста и со радост гледам напред во иднината.“

„Останете силни, бидете храбри, сакајте силно и искрено и ќе нема што да изгубите.“

6-23-citati-od-demi-lovato-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prebrodite-vashite-najteshki-denovi-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар