22 мудри арапски поговорки кои ќе ви го прочистат умот

Од историска гледна точка, Блискиот Исток важи за лулка на цивилизацијата, а културното наследство што го има оставено и ден денес е од непроценливо значење. Топлите бои, тесните улички, жешкото сонце, убавата традиционална облека и караваните кои мирно се движат на златните пустински песоци, се привлечни за секој кој има желба да ги открие тајните на неговите древни мудрости.

22 мудри арапски поговорки кои ќе ви го прочистат умот

Овие 22 арапски поговорки се само дел од многуте мудрости поврзани со филозофската мисла, погледот кон светот и моралните вредности на арапскиот свет:

1. Отвори ја устата само ако она што ќе го кажеш е поубаво од тишината.

2. Војската од овци предводена од лав ќе ја порази војската од лавови предводена од овца.

3. Една единствена грешка доведува до дупла несреќа.

4. Верувај во она што ќе го видиш, огради се од она што ќе го чуеш.

5. Прашај паталец, а не гаталец.

6. Со убав збор и добрина и слонот ќе можеш да го повлечеш за коса.

7. Ветрот дува спротивно од посакуваната насока на бродот.

8. Ако си наковалната, биди трпелив. Ако си чеканот, удри силно.

9. Оној што бара совршен пријател, завршува без пријатели.

10. Сончевиот зрак секој пат создава пустина.

11. Држи се подалеку од злото, седни и гледај го.

12. Потребната врска помеѓу движењето и времето е вистинска, времето е нешто што душата го создава во движење.

13. Чувајте зелена трева во срцето и можеби славејот ќе дојде.

14. Ако ја победиш гордоста ќе станеш добар. Ако ја надминеш лутината ќе станеш весел. Ако ја надминеш страста ќе станеш успешен. Ако ја надминеш алчноста ќе станеш среќен.

15. Никој не може да управува со оној што не може да управува со самиот себе.

16. Ако се плашиш – не прави го тоа, ако веќе го правиш – немој да се плашиш!

17. Победата покажува за што си способен, а поразот – колку навистина вредиш.

18. Не отворај врата што не ќе можеш да ја затвориш.

19. Мажите што не ги опростуваат малите недостатоци на жените, никогаш нема да можат да уживаат во нивните доблести.

20. Ако своите тајни ги откриеш на ветрот, не смееш да го обвинуваш ветрот за тоа што им ги открил на дрвјата.

21. Ако можеш да имаш сè, не оставај малку.

22. Она што допрва доаѓа е подобро од она што исчезнало.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар