21 факт за хотелите кои ќе ве натераат да го промените мислењето за нив

21 факт за хотелите кои ќе ве натераат да го промените мислењето за нив

Кога сме сместени во хотел, послугата секогаш се обидува да ни го направи престојот што е можно поудобен. Сепак, не секогаш им успева тоа. Погледнете некои од фактите за хотелите кои вработените често се обидуваат да ги скријат од своите клиенти.

(1)21-fakt-za-hotelite-koi-kje-vi-go-promenat-mislenjeto-za-niv-kafepauza.mk

1. Имајте на ум дека прекривките на масите никогаш не се менуваат.

2. Чашите во собата не се секогаш измиени. Истото важи и за држачите за четки за заби во тоалетите.

3. Далечинските управувачи се највалканото нешто во собата.

4. Теписите се чистат со правосмукалка, но многу ретко се дезинфицираат. Во најдобар случај, тоа се прави еднаш годишно. Затоа не е препорачливо да одите боси во собата.

5. Кога се пријавувате во хотел, прашајте кои услуги ви се вклучени во цената. Тоа може да биде користење на базен, теретана, минибар или Интернет. Менаџерот може да заборави да ви ги каже овие работи, па затоа најдобро е да прашате.

6. Во некои хотели (особено евтините), чаршафите на креветите ретко се менуваат.

7. Малкумина знаат дека има посебни пешкири за плажа кои хотелот треба да ви ги обезбеди. Нема потреба да го земате пешкирот од собата, едноставно побарајте на рецепција.

(2)21-fakt-za-hotelite-koi-kje-vi-go-promenat-mislenjeto-za-niv-kafepauza.mk

8. За да ви ги заменат пешкирите во тоалетот, оставете ги на земја.

9. Во некои хотели нема 13-ти кат. Ова е поради суеверијата. Во азиските држави, нема 4-ти кат во хотелите бидејќи изговарањето на знакот за бројот 4 звучи слично како зборот „смрт“.

10. Послугата е многу поучтива со луѓето кои закажале соба преку Интернет, бидејќи најчесто овие луѓе даваат оценка за услугата.

11. Во описот на хотелот оддалеченоста од плажа или од други атрактивни места може да не биде точна. Поради ова многу често пишуваат време, наместо оддалеченост. На пример, 10 минути од плажа може да не биде толку блиску.

12. Во некои држави, треба да платите данок за туристи кој најчесто е вклучен во цената на собата, или пак се плаќа откако ќе стигнете. Во Венеција, на пример, ако сте сместени во хотел со 5 ѕвездички, ќе треба да платите 5 евра од лице за секој ден.

13. Ако појадокот е вклучен во цената на собата, а вие треба рано да го напуштите хотелот, можете да ја замолите послугата да ви го спакува јадењето. За ова би требало да кажете претходната вечер.

14. Во многу хотелски ресторани останатата храна не се фрла, туку се користи за подготвување други оброци. На пример остатоците од риба може да се искористат за супа.

(3)21-fakt-za-hotelite-koi-kje-vi-go-promenat-mislenjeto-za-niv-kafepauza.mk

15. Во баровите најбезбедно е да пиете пијалаци без мраз. Квалитетот на водата која се користи за мраз може да биде лош.

16. Малкумина знаат што можете да земете од собата без да се смета за крадење. Можете да ги земете продуктите од тоалетот (шампон, маска за коса, крем за тело, сапун), влечки за една употреба, пенкала и тетратки со логото на хотелот. Другите работи се сопственост на хотелот. Ако навистина ви се допаднал некој пешкир или слично, можете да го купите.

17. Хемиското чистење во хотелите не е многу квалитетно, а цените се премногу високи. Ако побарате во соседството, сигурно ќе најдете хемиско чистење кое е барем 2-3 пати поевтино од хотелското.

18. Цената на една иста соба може да се менува. Пред да закажете соба јавете се директно во хотелот и распрашајте се за некои посебни понуди. Понекогаш можете да добиете попуст и до 20%.

19. Некоја храна во минибарот може да биде стара и со месеци. Затоа секогаш е важно да го проверувате рокот на траење.

20. Ако ви е потребно тивко место и добар сон, научете повеќе за хотелот. Можеби во него има ноќен клуб кој нема да ви дозволи да спиете.

21. Во хотелите со 4 и 5 ѕвездички, мора да има некој кој ќе ви помогне со багажот.

Погледнете и кои се најскапите луксузни хотели во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар