2048: Најзаразната игра на интернет

2048: Најзаразната игра на интернет

Бидете подготвени да потрошите барем 2 часа на оваа лесна аритметичка загатка за која не треба ниту да го фатите глувчето в рака. Правилата се едноставни. Се користат само стрелките од татстатурата, а со секое ново движење, добивате една бројка во слободно поле плус, при што истите бројки кои меѓусебно ќе се допрат се собираат (2 со 2 ќе стане 4, 4 со 4 ќе стане 8 итн.). Поентата е секако, да стигнете до 2048.

Кликни да играш

Кликни да играш

Интересно е тоа што иако играта е заразна и веројатно многупати ќе изгубите, воопшто не е фрустрирачка. Забавна е додека се игра, а предизвикот да се победи е голем.

Креаторот на играта Габриеле Чирули пресметал дека откако ја поставил играта пред една недела, луѓето потрошиле вкупно 500 години играјќи ја. Обидете се да не придонесете за зголемување на бројката.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар