20 смешни и нелогични поплаки на туристи

Понекогаш, како туристи, имаме потполно право да се жалиме и буниме во однос на недостатоците на нашиот одмор од соништата, како на пример одложување на летот, непријатни хотелски соби, скриени трошоци… Овие поплаки се оправдани. Но, некои туристи навистина треба да си ги задржат нивните фрустрации за себе. Прочитајте ги следниве комични, нелогични и патетични поплаки на туристи, колекционирани од разни туристички агенти, онлајн-компании за патување и хотели.

20 смешни и нелогични поплаки на туристи

1. „Имаше многу Шпанци таму. Рецепционерот зборуваше шпански, храната беше шпанска. Никој не ни кажа дека ќе има толку многу странци.“

2. „Никој не ни кажа дека ќе има риби во водата. Нашите деца се исплашија.“

3. „Ни беа потребни 9 часа за да слетаме дома, од Јамајка до Англија. На Американците им беа потребни само 3 часа за да стигнат дома. Тоа не е фер.“

4. „Јас и мојот вереник резервиравме соба со два единечни кревети, но наместо тоа нè сместија во соба со брачен кревет. Сега, сметаме дека вие сте одговорни што јас затруднев. Ова немаше да ни се случи, доколку нè сместевте во собата којашто ја букиравме.“

5. „Мрзеливо е од страна на локалните сопственици на дуќани во Порто Валарта да ги затвораат продавниците попладне. Честопати имав потреба да купам некои работи во текот на нивното време определено за сиеста. Ова треба да биде забрането.“

6. „Резервиравме екскурзија во воден парк, но никој не ни кажа дека треба да си понесеме сопствени костими за капење и пешкири. Мислевме дека тие се вклучени во цената.“

7. „И покрај тоа што во брошурата пишуваше дека ќе добиеме целосно опремена кујна, во шкафчињата немаше сечкач за јајца.“

8. „Патиштата беа нерамни и тумбести, така што не можевме да го прочитаме водичот за местото, додека се возевме со автобусот кон ресортот. Поради ова, не бевме свесни за многуте нешта кои можеа да го направат нашиот одмор поинтересен.“

9. „Ме касна комарец. Во брошурата не беа спомнати никакви комарци.“

10. „Откривме дека песокот не беше онаков каков што изгледаше во брошурата. Во вашата брошура, песокот изгледа бел, но всушност беше жолт.“

11. „Сигурен сум дека сум престојувал во оваа хотелска соба, во некој претходен живот. Не можам да престојувам пак.“

12. „Зошто не скокаат кенгури околу Сиднеј? Многу сум разочаран.“

13. „Како тур-оператор, ваша одговорност е да нè предупредите за бучните или немирни патници, пред да тргнеме на пат.“

14. „Не треба да биде дозволено топлес сончање на плажата. Тоа беше многу вознемирувачко за мојот маж, кој сакаше само да се релаксира.“

15. „На мојот одмор во Гоа, Индија, ми се згади кога дознав дека во речиси секој ресторан служат јадења со кари. Не сакам зачинета храна.“

16. „Сметам дека треба да биде објаснето во брошурата дека во локалната продавница не се продаваат соодветни бисквити. Нема бисквит со пудинг или со ѓумбир.“

17. „Плажата беше премногу песочна. Моравме сè да чистиме од песок пред да се вратиме во нашата соба.“

18. „Бевме на одмор во Шпанија и имавме проблем со таксистите, бидејќи сите беа Шпанци.“

19. „Моравме да се построиме надвор, за да чекаме ред за влез во бродот, но таму не беше климатизирано.“

20. „Ја споредив големината на нашиот еднособен апартман, со трисобниот апартман на нашите пријатели и нашиот беше значително помал.“

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар