20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот - Part 2

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

11. Борби со снежни топки

Едно англиско училиште пратило 2 ученика дома и ги суспендирало поради тоа што се бореле со снежни топки! Снежните топки биле забранети за да се зголеми безбедноста на сите деца. Добро прочитавте! Што е со сите тие генерации кои фрлале снежни топки надвор од училиштето? Како успеале да преживеат?

12. Кратки панталони за момчињата

За време на топлото лето, едно британско училиште вовело нов кодекс на облекување за учениците. Кратките панталони во училницата биле забранети за момчињата. Па така, тие решиле да се појават со здолништа. Никој не ги забранил здолништата. Околу 30 момчиња се појавиле на училиште по здолништа.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

13. Тоалетна хартија

Некои училишта во Велика Британија ја забраниле употребата на картонските туби од тоалетните хартии за училишни проекти за да се спречи ширењето бактерии. Не очекувајте да најдете тоалетни хартии во ова училиште.

14. Роденденски покани

Едно британско училиште решило дека децата смеат да делат роденденски покани пред целото одделение, само доколку сите ученици се поканети. Во спротивно, тоа би било нељубезно и лошо. Дали ова ќе ги научи децата колку е важно да прават добри дела?

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

15. Спинери

Училиштата во САД и Велика Британија ја забраниле омилената играчка на новата генерација: Фиџет спинери. Причината за тоа е безбедноста и недостатокот на внимание за време на часовите. Инаку, оваа играчка најпрво била направена за децата кои страдаат од синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД) и аутизам, но станаа светски популарни и сите почнаа да ги користат.

16. Ugg чизми

Едно американско училиште ги забранило Ugg чизмите поради една едноставна причина: Учениците криеле мобилни телефони во нив. Сега учениците мораат да облекуваат патики пред да влезат во училницата.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

17. Народна

Пред 17 години, училиштата во САД почнале да ја забрануваат најпопуларна игра со топка – народна (dodgeball), со изговор дека е агресивна и небезбедна. Сега оваа игра е забранета речиси насекаде во САД.

18. Големи панделки

Училиштата во Велика Британија им забранило на учениците да носат панделки во коса, бидејќи тие не одговарале на официјалниот кодекс на облекување и бидејќи го одвлекувале вниманието.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

19. Дуксери со качулка

Едно училиште во Конектикат ги забранило дуксерите, бидејќи учениците така ги внесувале нивните смартфони во училницата. Децата си разговарале на месенџер со тоа што го криеле телефонот во предниот џеб на дуксерот. Паметни деца.

20. Црвено пенкало

Едно британски училиште им забранило на наставниците да користат црвени пенкала кога ги оценувале тестовите на учениците. Наводно, тестовите „обоени“ со црвено пенкало им предизвикувале поголем стрес на младите ученици.

20 секојдневни работи што се забранети во училиштата ширум светот

И покрај забраните, учениците може да научат многу работи на училиште. Прочитајте за следниве необични вештини кои можете да ги научите во училиштата ширум целиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар