20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

Ох, перфекционизмот изморува! Перфекционисти, обединете се, овие проблеми само мал круг на луѓе ги разбираат!

20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

1. Не сте задоволни додека не ги видите резултатите. Може сите околу вас да се уморни и да заминат дома, но вие знаете дека нема да можете да спиете сè додека, ако ништо друго, не најдете знак дека сте на правиот пат и работата ќе излезе на добро. Во најголем дел од случаите останувате да ја доработите сами.

2. Некогаш наоѓате начини да ја одбегнете тимската работа особено доколку некои од членовите на тимот не го даваат најдоброто од себе или имаат чудно сфаќање за тоа што е да се даде најдоброто од себе. Станувате ужасно бесни ако некој направи сериозна грешка, а потоа не можете ни сами да ја разберете сопствената реакција.

20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

3. Некогаш не можете да се воздржите а да не ја поправите работата на другите, без разлика за што станува збор, бидејќи сè додека не се поправи ќе ве јаде нешто во вас.

4. Ви се има случено да се вратите во 5 наутро по јака журка, полу пијани, мртви уморни, но да не си легнете веднаш. Наместо тоа, вие ќе го вклучите светлото во собата, ќе го отворите прозорецот и ќе почнете да си ја средувате собата сè додека не блесне. Убаво си поминавте кога заедно со другарките се подготвувавте два часа пред да излезете, но не можете да заспиете во тој неред.

20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

5. Доколку сте дома и сте слободни а знаете дека некоја од другарките се вратила од пат и ѝ треба распакување или допрва ќе оди и ѝ треба пакување, ќе најдете изговор да ја посетите. Потоа се фаќате за работа и ѝ ги комбинирате чорапите по бои.

6. Кога готвите нешто по рецепт, макар да биде и кафе, нема да се откажете сè додека не добиете резултат како на сликата во списанието.

7. Дури и ако работата на крај излегла супер, вас сепак ќе ве јаде тоа што на патот до успехот сте пропуштиле нешто што ви било во план.

8. Во средно и на факултет ако најдевте печатна грешка во семинарската работа или есејот, а веќе ви бил испечатен, ќе ја поправевте таа една буква и ќе го испечатевте повторно.

9. Што сакаат нека си мислат другите, вие не можете да јадете додека не си ја завршите работата онака како што сте испланирале, макар и ви кркореле цревата.

20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

10. За вас не се прифатливи изрази како „па, макар се потрудивме“, или „со оглед на ситуацијата, дадовме сè од себе“. За сè што правите имате потреба да биде исклучително добри, во спротивно е неприфатливо.

11. Кога ќе вработите некој со цел да ви направи услуга, како снимање на некоја свеченост или организирање забава, правење торти и слатки, тој/таа само што ја запознал личноста од својата ноќна мора. Подготвени сте да платите добро за тоа рајско совршенство што сте го замислиле во вашите глави.

12. Во школските денови секој сакаше да биде во група со вас кога имавте за задача да направите проект, бидејќи го завршувавте најголемиот дел од работата и проектот на кој работевте секогаш добиваше добри оценки и пофалби.

13. Кога семејството и пријателите одат со вас на одмор или го напуштаат градот поради која било причина, мора да го следат вашиот зацртан план. Стануваме во толку саат, ги посетуваме овие знаменитости, ручаме ваму. Срцето ви трепери од возбуда кога ќе имате план а никој друг не знае што прави.

14. Знаете дека животот би ви бил многу полесен ако едноставно умеевте да се согласите со нешто помалу од совршенство, бидејќи таа визија во вашата глава знае да заморува.

20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

15. Вашиот стремеж кон совршените резултати ги заморува сите околу вас, и кога ќе го сфатите тоа чувствувате по малку грижа на совест.

16. Малите работи и ситници навистина ве заморуваат. Зошто вашата колешка не го послуша вашиот совет, како можеа работите што ви стигнаа по нарачка да бидат посветли од нијансата што ја порачавте, зошто шанкерот не се потрудил да ви направи добро кафе и попатно да не капне неколку капки на тацната, како може вашата сестра да спие мирно откако остави ѓубре на скалите?

17. Ве измачува вашата навика да одложувате а одложувате токму поради вашата потреба од совршен резултат. Ќе минете денови скицирајќи и планирајќи пред да се фатите за работа.

18. Вашиот ум понекогаш не може да престане да скицира совршенства. Совршена куќа, совршен двор, совршен ентериер, совршено организирана забава. Пробувате да не изгледате како некој фрик кога ги местите разместените продукти на полиците од супермаркетот… само разгледувате и се случува да пофатите нешто што не припаѓало таму.

19. Ги памтите вашите грешки и имате навика долго да се сеќавате за да видите што сте можеле да направите за да излезе подобро. Не дека е добра навика, но ви се случува ова. Дури и ја памтите засрамувачката сцена од забавиште кога ја погрешивте песната на рециталот пред сите родители и ученици.

20. Дури и кога има неред во вашата соба, нередот има смисла. Токму таму би требало да стојат употребените лисја или двете шолји за кафе од вчера. Всушност, понекогаш прифаќате мал „неред“, но ако и само ако има смисла.

20 проблеми кои само перфекционистите можат да ги разберат

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар