20 мудрости со чија помош ќе пронајдете мир

Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, бесот, љубомората и алчноста излегуваат од изгубената душа. Не го земајте она што не е ваше… Секој мудар збор може да предизвика позитивни промени во нашиот живот. Прочитајте ги овие мудрости и обидете се да пронајдете мир во вашата душа.

2-20 mudrosti so chija pomosh kje pronajdete mir-www.kafepauza.mk_

1. Разбудете се заедно со сонцето и помолете се. Молете се сами. Молете се често. Големиот Дух ќе ве слуша, а вие треба само да му зборувате.

2. Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, љубомората и алчноста излегуваат од изгубената душа. Молете се да пронајдат насока.

3. Барајте се себе, низ себе. Не дозволувајте им на другите да раководат со вашиот пат. Тоа е ваш пат и само ваш – другите може да чекорат со вас, но не може да го одат наместо вас.

4. Однесувајте се кон гостите со целосно внимание. Послужете ги со најдобрата храна, дајте им го најдобриот кревет, укажете им чест и почитување.

5. Не земајте го она што не е ваше, без разлика дали е од некоја личност, од дивина или од нечија култура. Не сте го заработиле, ниту пак ви го дале. Не е ваше.

6. Почитувајте сѐ што постои на Земјата, од луѓето, па сè до билките.

7. Почитувајте ги туѓите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувајте нечиј говор и не исмевајте. На сите дајте им право на лично изразување.

8. Никогаш не зборувајте лошо за некој друг. Негативната енергија што ја испраќате со тоа во вселената ќе ви се врати дупло.

9. Сите луѓе грешат. Сите грешки може да бидат опростени.

10. Негативните мисли се причини за болести на телото, духот и умот. Вежбајте оптимизам.

1-20 mudrosti so chija pomosh kje pronajdete mir-www.kafepauza.mk_

11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Таа е дел од нашето светско семејство.

12. Децата се семе на иднината. Садете љубов во нивните срца и заливајте ги со мудрост и животни лекции. Додека растат, дајте им простор за растење.

13. Избегнувајте ранување на туѓите срца. Отровот од таа болка кога-тогаш ќе ви се врати.

14. Бидете искрени секогаш. Почитувањето е испит на волјата во овој универзум.

15. Бидете урамнотежени. Вашето умно јас, духовно јас, телесно јас и емоционално јас – сите тие треба да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Вежбајте го телото за да го зајакнете умот. Збогатувајте се духовно за да ги излечите емотивните рани.

16. Свесно одлучувајте за тоа кои ќе бидете и како ќе реагирате. Бидете одговорни за вашите дела.

17. Почитувајте ја приватноста и личниот простор на другите. Не чепкајте нешто што е во туѓа сопственост, особено светите и религиски работи. Тоа е забрането.

18. Најпрво бидете искрени кон себе. Не можете да бидете внимателни и да им помогнете на другите ако не сте прво внимателни кон себе и не си помагате себеси.

19. Почитувајте ги туѓите верски убедувања. Своите уверувања не им ги наметнувајте на другите.

20. Споделувајте ја вашата среќа. Учествувајте во давањето милостина.

3-20 mudrosti so chija pomosh kje pronajdete mir-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар