20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Постојат толку многу жени кои го менуваат светот, ги поместуваат границите и ја прават планетава подобро место за живеење. Списанието „Time“ решило да им посвети посебно внимание на овие дами во нивниот најнов проект „Први“ (Firsts). Проектот ги вклучува жените кои први постигнале нешто значајно во нивната област. Некои од нив се добро познати, како што се Опра Винфри и Арета Френклин, но има и жени за коишто сигурно не сте чуле, а би требало да ги знаете. Фотографиите биле направени со ајфон од страна Луиза Дор, 22-годишна фотографка од Бразил. Погледнете ги жените кои ги срушиле стереотипите и успеале да го сменат светот…

1. Ајлин Колинс – Првата жена која управувала со вселенски шатл

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Колинс станала астронаут во 1991 година и била пилот или командир на 4 вселенски летови пред да се пензионира од НАСА во 2006 година.

2. Серена Вилијамс – Првата тенисерка која победила на 23 Гренд слем турнири во поединечна конкуренција во отворената ера на тенисот

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Вилијамс, која професионално игра тенис од 1995 година, има освоено 72 поединечни титули и 4 Олимписки медали.

3. Елен Деџенерис – Првата геј личност која се појавила на телевизија во ударен термин

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Деџенерис, ТВ водителка и комичарка, која има добиено награда Еми, ја води нејзината популарна емисија уште од 2003 година.

4. Илхан Омар – Првата муслиманка од Америка со сомалиско потекло која станала законодавец

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Омар била избрана на 8-ми ноември, 2016 година како претставник на Минеаполис.

5. Силвија Ерл – Првата жена која станала главен научник на американската Национална администрација за океани и атмосфера

20 моќни жени кои први постигнале нешто значајно во својата област

Ерл е претседателка на „Mission Blue“, организација која се залага за законска заштита и зачувување на светските океани.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар