20 мисли што им поминуваат низ глава на сите љубителки на кучиња кога ќе го видат ова слатко крзнено суштество

Девојки, колкупати ви се случило некое неодоливо куче да ви предизвика гласот да ви се качи на толку висока фреквенција што ќе ги натерате сите околу вас да ги постават дланките над ушите? Ако сте вистински љубители на кучиња, тогаш сигурни сме дека не можете да поминете покрај овие неодоливи четириножни пријатели без да застанете и барем неколку минути да ги погалите. А додека го правите тоа, сигурно поголемиот дел од овие мисли ви минуваат низ глава!

20 мисли што им поминуваат низ глава на сите љубителки на кучиња кога ќе го видат ова слатко крзнено суштество

1. Дали тоа што го гледам е куче???

2. Лелеее!!!

3. Ако не го погалам кучево веднаш, ќе умрам!

4. Те молам сакај ме, те молам сакај ме…

5. Ако ова куче автоматски не ме засака, како можам истото да го очекувам и од маж?

6. Погледнете колку е неодоливо ова куче!

7. Полека ќе му се приближам за да видам дали ќе покаже интерес за моето внимание.

8. Кучето изгледа заинтересирано, а сега да побарам дозвола од сопственикот за да го погалам!

9. Ох Боже, сега сопственикот се обидува да разговара со мене.

10. Не се обидувам да го добијам твојот број преку кучето!

11. Но… ова е негово куче, па ако се венчаме, кучето ќе стане и мое!

12. Лелеее!!!

13. Ти си најневиното и најчистото суштество на светот.

14. Би примила куршум за ова куче.

15. Би му изградила споменик на ова куче.

16. Би изодела илјадници километри само за да го видам ова куче.

17. Ах, замислете колку би ми бил тажен животот ако не го запознав денес ова куче…

18. Зарем е можно? Мојата долгогодишна депресија се излечи за само еден момент!

19. Јас сум обновена. Јас сум родена одново.

20. Конечно пронајдов внатрешен мир…

Прочитајте ги овие интересни и необични факти за кучињата…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар