20 мисли од Џ. К. Роулинг кои можат да ви помогнат и во најлошите денови

Џ. К. Роулинг, која е најмногу позната по книгите „Хари Потер“, постојано ги инспирира луѓето да бидат посреќни, посигурни во себе и подобри во она што го прават. Токму затоа, доколку поминувате низ лош период, погледнете ги овие 20 мисли кои со сигурност ќе ви помогнат да ја видите светлината на крајот од тунелот…

20 мисли од Џ. К. Роулинг кои можат да ви помогнат и во најлошите денови

„Среќата може да биде најдена, дури и во најтемните моменти, само доколку се сетите да го вклучите светлото.“

„Дното што го допрев стана цврстиот темел врз кој одново го изградив мојот живот.“

„Квалитетот на верувањата е она што го детерминира успехот, а не бројот на следбеници.“

„Мора да запомниме дека понекогаш најважната историја е онаа која ја создаваме денес.“

„Надежта извира засекогаш.“

„Личната среќа лежи во знаењето дека животот не е само листа од нешта кои треба да ги стекнете. Вашите квалификации не се вашиот живот.“

„Љубовта е најсилната моќ која постои.“

„Токму нашите избори Хари, ни покажуваат што ние навистина сме, многу повеќе од нашите способности.“

„Потребна е голема храброст за да им се спротивставиме на нашите непријатели, но уште повеќе за да им се спротивставиме на нашите пријатели.“

„Не е важно каква е личноста кога ќе се роди, туку каква ќе биде кога ќе порасне.“

„Мора да се трудиме да не потонеме под нашата мака Хари, туку да се избориме над неа.“

„Не ни треба магија за да го промениме светот, ние веќе ја носиме сета моќ која ни е потребна во нас: ја имаме моќта да го замислиме она што е подобро.“

„Разбирањето е првиот чекор кон прифаќањето и само со прифаќање може да има подобрување.“

„Ниту еден жив маж или жена, со магија во себе или не, можел да избегне некаков вид повреда, без разлика дали физичка, ментална или емоционална. Да зададеш болка е исто толку човечки како и да дишеш.“

„Сите имаме истовремено и светлина и темнина во нас. Она што е најважно е начинот на кој одбираме да се однесуваме. Тоа е она што навистина сме.“

„Според моето не толку скромно мислење, зборовите се неисцрплив извор на магија. Тие се истовремено способни и за повредување, но и за лекување.“

„Судбината е име кое најчесто се дава ретроспективно за изборите кои имале драматични последици.“

„Кога се двоумите, одете во библиотека.“

„Што е најважното нешто кај пријателството? Толеранцијата и лојалноста.“

„’Не постои срам во она што го чувствуваш Хари’, рече гласот на Дамблдор. ‘Баш напротив, фактот што можеш да почувствуваш ваква болка е твојата најголема сила.’“

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар