20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

Љубовта е чиста, љубовта е слатка, но љубовта е и болна и горчлива. Љубовта тотално нè обзема. Животот ни зависи од љубовта и често изгледа дека планетата ќе престане да се врти доколку не таа не постои. Љубовта е нешто за што копнееме и нешто за што жалиме кога ќе ја изгубиме…

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

Ви претставуваме 20 интересни факти и теории за љубовта кои многу ќе ве изненадат, но и многу ќе ве научат.

1. Моногамните врски постојат и во животинското царство

(6) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Волците, лебедите, гибоните, албатросите, па дури и термитите се дел од животните кои остануваат со еден партнер доживотно.

2. Потребни се само 4 минути за да дознаете дали некој ви се допаѓа

(7) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Тоа значи дека ако сакате да му се допаднете некому имате 4 минути да се потрудите околу. Се верува дека ова многу повеќе има врска со говорот на телото, тонот на гласот и темпото со кое зборувате, одошто со зборовите кои ги кажувате.

3. Кога двајца заљубени меѓусебно се гледаат занесено во очи, нивните пулсови се синхронизираат

(8) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Според едно истражување оние кои се сакаат и се во романтична врска постигнуваат синхронизирање на нивните срцебиења по 3-минутно меѓусебно гледање во очи.

4. Вљубувањето има слични невролошки ефекти како оние од кокаинот

(9) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Двете искуства влијаат на мозокот на сличен начин и поттикнуваат слично чувство на еуфорија. Истражувањата покажуваат дека заљубувањето произведува неколку хемикалии кои ја поттикнуваат еуфоријата и со тоа стимулираат 12 различни области во мозокот истовремено.

5. Гушкањето делува како природен лек против болки

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

Окситоцинот, кој се смета за хормон на љубовта, се произведува при гушкање. Тој се појавува во мозокот, во јајниците и во тестисите и се смета дека има значајна улога при поврзувањето со личноста. Истражувањата покажуваат дека доза окситоцин може значајно да ја намали главоболката, а во некои случаи и сосема да исчезне по 4 часа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар