20 интересни прашања за вежбање на мозокот

20 интересни прашања за вежбање на мозокот

Познато е дека за мозокот да биде во добра форма потребно му е секојдневно вежбање. Докажано е дека различните загатки и логички задачи се одлични за најпаметните мускули. Поголемиот дел од нив, особено оние што се наменети за деца, содржат клучен момент за решението кој обично ние како возрасни го игнорираме. Додека некои можат да се решат со малку напор, некои ги оставаат замислени со часови дури и најбистрите мозоци. Ова се 20 загадочни прашања кои ќе ви послужат како одлична утринска гимнастика на мозокот…

20 интересни прашања за вежбање на мозокот

1. Според Меѓународното здружение за воздушен превоз, два патника не смеат да седат заедно во истиот ред во авионот. Кои се тие?

  • Решение

    Мачки и кучиња.

2. Група жени се качуваат во локален автобус. Иако автобусот не е преполн, тие седнуваат на задните седишта. Зошто?

  • Решение

    Се наоѓате во Иран. Малите деца и сите жени мораат да седат во задниот дел од автобусот.

3. Во 1445 година луѓето во Москва мислеле дека ќе се соочат со апокалипса затоа што црковните ѕвона почнале самите истовремено да ѕвонат. Но, истото се случило и во 1091 во Киев и повторно во 1802 во Москва. Која била причината за тоа?

  • Решение

    Земјотрес.

4. Жителите во Мјанмар (Бурма) одгледуваат добиток и живина, но многу ретко го колат добитокот, па дури и живината. Обично ги продаваат животните на пазар, претежно на соседните земји како Кина и потоа го купуваат назад месото што го сакаат. Зошто трошат толку време и пари?

  • Решение

    Поради будистичкото учење ахимса (да не се нанесува штета никому).

5. Во еден период во Европа кратењето на опашката на кучињата било вообичаено без оглед на расата на кучето. Зошто?

  • Решение

    Порано, сопствениците на кучиња плаќале такса според должината на опашката на кучето. Според тоа, кратењето на опашките било со цел да се намали износот на таксата.

20 интересни прашања за вежбање на мозокот

6. Секој ден планетата Земја станува потешка, односно качува до 60 тони поради што?

  • Решение

    Космичка прашина.

7. Што имаат заедничко Русија, Турција и Египет?

  • Решение

    Се наоѓаат на два континента.

8. Во 1945 година секоја убиена кокошка во Музо, Колумбија била прегледувана од јавен службеник. Зошто имале толку чуден закон?

  • Решение

    Ги отстранувале скапоцените камења од желудникот.

9. Во 1965 година Пеле добил златен медал од Министерството за образование во Бразил за неговата автобиографска книга „Пеле“. Зошто книгата имала влијание на образованието?

  • Решение

    Илјадници неписмени Бразилци почнале да читаат со една единствена цел: Да ја прочитаат автобиографијата на Пеле.

10. Некои африкански племиња од Сахара закачуваат торбички полни со инсекти на нивните нозе кога одат да ловат навечер. Зошто им е потребно такво нешто?

  • Решение

    За да си го осветлат патот (ставале светулки во торбичките).

20 интересни прашања за вежбање на мозокот

11. Во 1997 година кога власта на Табаско, Мексико решила да ги забрани сите видови пиво за да ја намали појавата на алкохолизам, реакциите биле исклучиво негативни. Потоа, Конгресот на државата добил брилијантна идеја: Ја забраниле продажбата на само еден вид пиво. За кое пиво се работи?

  • Решение

    За ладното пиво.

12. Во Свациленд никогаш не смее да се прекинува сенаторот кога прави една работа за време на парламентарски собир затоа што тој можеби во моментот се консултира со големите предци. Што прави тој?

  • Решение

    Спие.

13. Голем дел од сувенирите кои можат да се купат во традиционалните африкански села веројатно се користеле како средство за лечење болести. За кои сувенири станува збор?

  • Решение

    Традиционалните африкански исцелители користеле маски за да ги излечат болните. Потоа тие маски се продавале како сувенири.

14. Овој мал град во Андалузија, Шпанија бил првото пристаниште во историјата кое им наплаќало на трговците за користење на истото. Како се вика градот?

  • Решение

    Тарифа.

15. Оваа река во Орегон, САД влегла во Гинисовата книга на рекорди како најкратката река во светот, долга 130 метри. Нејзиното име кое почнува на буквата „Д“ е веројатно најкраткото име на некоја река. Кое е името?

  • Решение

    Реката Д.

20 интересни прашања за вежбање на мозокот

16. Астронаутите велат дека од вселената речните корита личат на системот за циркулација на живите суштества. Колку интересно! Случајност или не, но за време на Втората Светска војна докторите користеле еден вид вода наместо крвна плазма. Кој вид вода е ова?

  • Решение

    Докторите користеле морска вода кога ќе им снемало лекови.

17. Далтонистите не смееле да служат војска во американските воздушни сили пред 1941 година. Но, ситуацијата се сменила на почетокот од Втората Светска војна. Одеднаш тие станале многу популарни помеѓу кандидатите. Зошто?

  • Решение

    Откриле дека тие многу лесно ја препознаваат камуфлажата бидејќи ним им се истакнувала.

18. Некои северни мориња имаат долги тесни бразди, уште познати како вдлабнатини или корита. Тие можат да достигнат до 30 метри во должина и 5 метри во длабочина. Кој е одговорен за овој феномен?

  • Решение

    Ледените морски брегови.

19. Првите божиќни елки во Европа стоеле точно на едно место во домовите. Каде?

  • Решение

    Ги носеле елките дома и ги закачувале да висат од таванот.

20. Секоја година околу Нова година, Исланд поставува нови рекорди во продажбата на еден одреден производ. Кој е овој производ?

  • Решение

    Огномет. Според законот, населението во Исланд смее да користи огномет само во периодот околу Нова година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар