20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

Главниот град на Обединетото кралство е населен повеќе од 2 милениуми. Неговата историја датира уште од римско време кога бил наречен Лондиниум. Оваа светска метропола никого не остава рамнодушен. Доколку горите од желба да го посетите, она што може да го направите во моментов е да ги прочитате овие интересни факти за Лондон кои можеби не сте ги знаеле досега.

1. Голем дел од сцените во филмот „Вонземјани“ на Џејмс Камерон се снимени во напуштена електрична централа во Актон, област во Лондон.

2. Низ тунелот над метро станицата Sloan Square тече една од загубените реки во Лондон, реката Вестборн. Друга загубена река, Тајбурн, тече точно под Бакингемската палата.

20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

3. Во 1952, загадувањето во Лондон било толку лошо, што публиката во театарот Садлерс Велс била евакуирана и театарската претстава била прекината поради чадот кој избил во аудиториумот.

4. Во текот на речиси цел век, Лондон бил најгусто населен град на земјата, сè до 1925 година, кога Токио го надминал.

5. Свештениците во викторијанското време биле против градење на подземна железница, тврдејќи дека вревата ќе го вознемири ѓаволот.

6. Последниот човек кој бил погубен во Лондонската кула, бил германскиот разузнавачки агент Џозеф Џејкобс, застрелан во 1941.

20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

7. Постои цела мрежа на тунели под Лондон, најголем дел изградени во текот на Втората светска војна за потребите на војската. Под улиците на Вајтхал во Лондон има голема воена тврдина. Во тврдината може да се влезе преку една од телефонските централи во Craig’s Court, на плоштадот Трафалгар.

8. Во големиот пожар во Лондон, 1666 година, изгореле 13.200 куќи, 87 парохиски цркви, катедралата Св. Паул, како и голем дел од зградите на властите. Иако е познат како една од најголемите катастрофи, во овој пожар загинале само 6 граѓани.

9. Во раните 50-ти секој можел да му телефонира на тогашниот премиер Винстон Черчил, бидејќи неговиот број бил во телефонскиот именик на градот.

10. Хитлер имал план да го расклопи Нелсоновиот столб и да го пренесе во Берлин.

20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

11. Областа Канари Варф го добила името бидејќи на тоа место порано биле пренесувани товари со овошје од Канарските острови.

12. На аеродромот Хитроу, името му е дадено по малото рурално село кое некогаш постоело во таа област.

13. Горниот дел на познатата мост-кула во Лондон, кој оригинално бил наменет за пешаци, бил затворен во 1910 откако станал собиралиште на проститутки.

14. До 1961 во барот Хародс се продавал чист кокаин.

15. Областа Сохо во Лондон, е именувана по извикувачки збор за лов кој бил користен во средниот век. До доцниот 17-ти век, областа била отворено поле, за подоцна да стане позната туристичка дестинација.

16. Иако сега дијалектот кокни е надалеку познат лондонски дијалект, порано зборот „кокни“ се сметал за навреда.

20 факти за Лондон кои ќе ве изненадат

17. Оригиналниот средновековен лондонски мост бил во константна употреба над 600 години. Но не секогаш бил весела слика. Во минатото главите на погубените се набивале на колови и се оставале на мостот.

18. Во градењето на мостот Ватерло главно учествувале жени.

19. Голем земјотрес се случил во Лондон на 8 март 1750. Очевидците на настанот тврделе дека за време на земјотресот, куќите потонувале во земја, а рибите од реката Темза биле исфрлани високо во воздухот.

20. Незнаејќи како да се снајде и да излезе од автопатот, еден пензионер заглавил во сообраќајот на М25, возејќи по автопатот цели 48 часа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар