20 бизарни начини на кои умреле некои луѓе

20 бизарни начини на кои умреле некои луѓе

Сите знаеме дека смртта е неизбежна. Освен ако науката не најде начин да нè направи бесмртни, факт е дека секој човек еден ќе умре. Низ историјата луѓето умирале на навистина чудни начини, а во продолжение погледнете некои од најбизарните.

20 бизарни начини на кои умреле некои луѓе

1. Оваа приказна се случила во далечната 62-та година п.н.е. Атинскиот пратеник Драко бил задушен од неколку наметки и шапки кои граѓаните му ги дале како подарок. Се надеваме дека барем сакал подароци.

2. Во 475-та година п.н.е. грчкиот филозоф Хераклит умрел откако бил нападнат од кучиња. Кучињата тргнале по него бидејќи се намачкал со ѓубриво од крави со цел да ја излечи болеста која денес ни е позната како едем. Веројатно не очекувал дека мачкањето со ѓубриво ќе биде второто најлошо нешто што ќе му се случи тој ден.

3. Атинскиот драматург Есхилус исто така имал необична смрт. Откако слушнал пророштво според кое ќе умрел од предмет кој паѓа, тој одлучил да седи надвор. Тогаш еден орел помислил дека ќелавата глава на Есхилус е камен, па врз него фрлил желка со цел да ѝ го скрши оклопот.

4. Во 288-ра година, грчкиот тиранин Агатокле бил убиен… со отровна чепкалка за заби.

5. Грчкиот стоик Хрисип буквално умрел од смеа. Што било толку смешно? Наводно видел магаре кое јадело смокви. Изгледа шегите биле многу поразлични во минатото.

6. Во 258-ма година, ѓаконот св. Лоренс бил печен жив. Но ова не го спречило да каже шега. Тој извикал:

„Свртете ме, готов сум на оваа страна!“

Денес тој е светец на готвачите и комичарите.

7. Во 892-ра година, Сигурд Моќниот од Оркинските Острови бил многу горд откако го убил својот непријател Маел Бригте. Всушност, бил толку горд што му ја пресекол главата и ја ставил на седлото на неговиот коњ. За жал, главата била наместена така што забите на Маел му направиле отворена рана на ногата. Раната се инфицирала, па Сигурд умрел поради тоа.

8. Во 1016-та година, Едмунд Втори бил убиен додека вршел нужда во тоалетот од убиец кој се криел внатре во тоалетната дупка.

9. Во 137-ма година, Чарлс Втори од Навара се почувствувал лошо и се консултирал со неговиот лекар. Тој му наредил да го завиткаат во ленено платно потопено со бренди. Жената која го зашила во платното не можела да најде ножици за да го пресече конецот, па решила да искористи свеќа. Вреќата од лен, која била потопена со алкохол веднаш се запалила, а Чарлс изгорел.

10. Во 1567-ма година, еден човек по име Ханс Стеинингер умрел откако се сопнал од неговата брада која била долга 130 сантиметри.

11. Во 1771-ва година, кралот на Шведска умрел поради дигестивни проблеми. Најверојатно тие биле предизвикани од неговиот последен оброк кој содржел јастог, кавијар, чадена харинга, кисела зелка, шампањ и 14 колачиња потопени во жешко млеко. Тој е познат како кралот кој се прејал до смрт.

12. Клемент Валандигем бил адвокат кој бил најмен да го брани човекот по име Томас Мекгехан. Томас бил обвинет дека убил човек во тепачка во еден бар. Клемент тврдел дека жртвата не сакајќи сама се застрелала во стомакот. За да ја докаже својата теорија, тој ставил пиштол во неговиот џеб (кој мислеле дека е празен). Вадејќи го му се заглавил, се застрелал во стомакот и умрел. Добро е што барем Томас бил ослободен.

13. Алан Пинкертон, основачот на Детективската агенција Пинкертон, паднал на тротоар и си го прегризал јазикот. За брзо време добил гангрена и умрел.

14. Џорџ Херберт го финансирал трагањето на Хауард Картер по гробницата на Тутанкамон. Умрел од инфекција која се појавила кога пресекол оток од убод од комарец додека се бричел. Некои веруваат дека причината за неговата смрт е клетвата на Тутанкамон.

15. Во 1927-ма година, познатата танчерка Исадора Данкан влегла во автомобил додека носела долг свилен шал. Како што тргнал автомобилот, шалот се заглавил во гумите и ѝ го скршил вратот.

16. Американскиот писател Шервуд Андерсон умрел од повреда на внатрешните органи откако не сакајќи голтнал чепкалка за заби.

17. Во 1958-ма година, актерот по име Гарет Џоунс имал срцев удар и умрел помеѓу 2 сцени од телевизиската претстава во која глумел, а која одело во живо. Она што е необично во овој случај е тоа што неговите колеги продолжиле со претставата и импровизирале за да го надополнат отсуството на мртвиот колега.

18. Курт Годел бил австро-американски математичар. Во 1977-ма година неговата жена била хоспитализирана 6 месеци. Годел одбивал да јаде храна која не е приготвена од неа, па умрел од глад во јануари 1978-ма година.

19. Кога американскиот драматург Тенеси Вилијамс си ставал капки во очите, имал навика да го држи капачето во уста. Во 1983-та година, се загушил од капачето и умрел.

20. Во 1993-та година, Гери Хој на неколку посетители им ја покажувал својата канцелариска зграда во Торонто. Тој се фалел дека прозорците се некршливи. За да го потврди ова, тој се фрлил кон еден од прозорците на 24-тиот кат. Добрите вести се тоа што прозорецот навистина не се скршил. А лошите? Прозорецот излегол од рамката и Хој паднал од 24-тиот кат и загинал.

Прочитајте ги и овие морбидни факти за смртта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар