20, 30 или 40 години: Во која доба од животот се луѓето најсреќни?

И покрај тоа што со годините го губиме она што најмногу го цениме, како виталноста и привлечниот изглед, па дури и менталната острина, со стареењето го добиваме она кон кое цел живот трагаме: среќата!

20, 30 или 40 години: Во која доба од животот се луѓето најсреќни?

Со анализа на резултатите кои биле добиени со испитување 2.000 доброволци, сите постари од 40 години, научниците откриле дека во просек луѓето се најсреќни во третата деценија од својот живот, при што најмногу луѓе ја издвоиле токму 34-тата година.

Доколку некој ви го постави ова прашање, сигурно повеќе од вас ќе одговорите дека 20-тите години од животот се најубави, но научниците и статистиката покажуваат дека сепак потребна е одредена зрелост за да може да се доживее вистинска среќа. Токму на 34 години некои нешта си доаѓаат на своето место, како бракот, децата, напредокот во кариерата и општото задоволство од самите себе.

Во 30-тите повеќето луѓе успеваат конечно да остварат добра финансиска состојба и да создадат прекрасен дом. Тие успеваат да ги плаќаат сите свои сметки и истовремено почнуваат да уживаат во малку поубави нешта, како вечери во добар ресторан, романтични патувања и квалитетни шишиња вино. Секако постојат и луѓе кои цел живот живеат на овој начин и некои кои никогаш нема да успеат да го постигнат тоа, но ова истражување ни покажува еден вид општ просек.

Оние кои како најдобри години од својот живот ги издвоиле дваесеттите, тоа го сториле најмногу поради чувството на слобода, убавиот социјален живот како и напредокот во кариерата, а кај оние кои најмногу ја ценат четвртата деценија тоа е резултат на задоволството кое го доживуваат гледајќи ги своите деца како растат, купувањето поголем дом и некои други значајни промени кои доаѓаат со зрелоста и потребата за самореализација. Слична ситуација се појавува и кај луѓето кои најмногу ги издвоиле 50-тите години, додека пак во 60-тите најголем фактор за среќа е одењето во пензија, имањето повеќе време за патување и генералното релаксирање и уживање.

Иако луѓето со годините ги менуваат своите приоритети, сите овие избори имаат неколку заеднички моменти кои ги обележуваат и дефинираат одредените години како најубави и најпријатни за живеење. Дел од тие моменти се наоѓањето љубов, венчавката, раѓањето деца и добивањето внуци.

Интересно е тоа што како стареат, така луѓето се главно позадоволни од својот живот, дури и покрај клишето дека сите патат за годините кои се зад нив. Дури 47% од сите испитаници изјавиле дека нивниот живот поминал во среќа, додека само 10% од нив изјавиле дека поголемиот дел од времето биле несреќни. Останатиот дел биле некаде помеѓу постојана среќа и несреќа.

Во 2012 година, една друга слична студија која била спроведена од Универзитетот Ворвик, покажала дека линијата на среќата низ годините има облик на латинската буква „U“. На горниот лев крај се оние кои се на околу 18-21 година, додека пак на дното се наоѓаат најмалку среќните, оние помеѓу 40-50 години. Потоа линијата повторно расте, па така на десниот крај од оваа буква се оние кои се најстари, од 74 до 85 години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар