19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклус

19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклус

Месечниот циклус е дел од животот на секоја жена. Но, само затоа што мажите не поминуваат низ него, не значи дека немаат разбирање за своите најблиски. Најчесто, нивните коментари се кажани со добра намера, иако понекогаш тие ги избираат погрешните зборови и токму затоа мора да бидете многу внимателни. За време на месечниот циклус, жените се преплавени со хормони и многу лесно можете да ги навредите или повредите, па ако сакате да ги избегнете непријатните моменти, погледнете ги следниве 19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на вашата девојка за време на менструацијата…

19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклус

1. Дали сè уште крвавиш?

Ако треба да прашате, одговорот најверојатно е да.

2. Мислам дека изгледаш добро.

Мислите? Подобро би било доколку сте сигурни.

3. Зошто на влошките пишува „супер“?

Што е супер? Супер циклус? Или вагина со супер големина? И покрај тоа што ви делува смешно, не правете шеги на оваа тема.

4. Мислам дека треба да јадеме нешто лесно вечерва.

И таа веднаш ќе помисли дека е дебела и дека индиректно се обидувате да ѝ го кажете тоа.

5. Што не е во ред со тебе?

Нејзините хормони полудуваат, па токму затоа големи се шансите дека тоа ќе се одрази и на нејзиното однесување. Не мора да го нагласувате тоа.

6. Што точно значи ПМС?

Ова прашање оставете го за периодот по завршувањето на циклусот бидејќи таа може да го сфати како критика за нејзиното однесување.

7. Дали тоа значи дека оваа недела ќе биде посветена на орално задоволување?

Да, таа сигурно го забележала тоа на нејзиниот календар со цел случајно да не ги наруши вашите планови.

8. За колку крв станува збор?

Големи се шансите дека најверојатно не ни сакате да го чуете одговорот.

9. Сигурна си дека можеш да изедеш сè што порача?

Две порции пилешки прсти, помфрит, печен компир, школки… Без разлика што ќе порача, не грижете се, таа сигурно ќе го изеде тоа.

10. Па, дали од сите дупки крвавиш или?

Ова е едно од оние прашања чиј одговор ви е веќе познат, но сепак си велите дека не би штетело доколку прашате. Реалноста е дека сепак би можело да наштети.

11. Тоа дефинитивно ги објаснува претходните неколку денови…

Можеби таа навистина била нервозна, не секогаш ПМС-от е крив за сè негативно што ѝ се случува.

12. Нели неодамна имаше циклус?

Па, најверојатно да, бидејќи месечниот циклус доаѓа секој месец.

13. Дали те боли кога крвавиш?

Можеби би требало да го проверите тоа на вас?

14. Почекај, овие чаршафи се нови.

Дали вашиот план е да ја нервирате до солзи?

15. Погледни на светлата страна – барем не си бремена!

Колку и да ви изгледа оваа изјава како утеха, верувајте во нејзината глава ни најмалку не е.

16. Ќе ти попуштам затоа што имаш циклус.

Погрешен чекор!

17. Сакаш да одиме на плажа?

Сериозно?

18. Ајде да одиме на прошетка.

Без разлика во каква ситуација претходно таа барала од вас да одите на прошетка, ова не е соодветна можност за исполнување на нејзината желба.

19. Имаш циклус?

Па, ајде проверете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар