19 интересни работи кои сигурно ве мрзи да ги пребарате на Интернет

Децата постојано поставуваат прашања, а ова пак ги тера родителите постојано да ги бараат одговорите на Интернет. Сепак, и возрасните сакаат да учат нови нешта, но ретко одвојуваат време за да ги одговорат своите прашања. Во продолжение прочитајте ги одговорите на некои од најинтересните прашања кои речиси сигурно сте си ги поставиле.

(1)19-interesni-raboti-koi-sigurno-ve-mrzi-da-gi-prebarate-na-internet-kafepauza.mk

1. Зошто се ежиме?

Изгледа дека ова е феномен кој сме го наследиле од животните. Во животинскиот свет, оваа појава им помага на животните побрзо да се загреат. Кога им се заканува нешто, ова ежење им помага да изгледаат поголеми пред непријателот. Луѓето се ежат кога им е студено, или во некои емоционални ситуации. Тоа е резултат на потсвесната мисија на адреналинот.

2. Зошто не го препознаваме сопствениот глас на снимки?

Одговорот е во способноста на нашите коски за пренесување звук. Другите ги слушаат единствено звуците кои се пренесени преку воздух, а токму овие звуци се наоѓаат на снимките. Звукот на нашиот глас кој го слушаме ние е комбинација од обичниот звук кој се пренесува низ воздухот, и звук со ниска фреквенција кој се пренесува преку коските во нашиот череп.

3. Зошто имаме главоболка кога пиеме студена вода или јадеме студена храна?

Сигурно ви се има случено да добиете остра главоболка додека јадете сладолед. Или пак може да ви се има случено кога длабоко сте вдишале додека сте трчале на студено време. Оваа појава е поврзана со стеснувањето и проширувањето на крвните садови во непцето како реакција на ниски температури.

4. Зошто кожата потемнува, а косата осветлува од сонцето?

И во двата случаи, сонцето го разградува меланинот кој е одговорен за бојата на кожата и косата. Разликата е во тоа што косата не е жива. Кога пигментот е разграден, тој не се обновува на косата, па затоа таа осветлува. Кожата му се спротивставува на сонцето со зголемено производство меланин, а со тоа и потемнува.

5. Зошто времето поминува побавно за децата?

Најверојатно причината за ова е тоа што децата треба да помнат повеќе настани. Тие само што започнале да се запознаваат со нивната околина, па потребно е да складираат повеќе информации. Па една „детска година“ содржи повеќе настани за разлика од годината на возрасен. Исто така, кога разгледуваме некои ситуации се обидуваме да ги поврземе со нешто што веќе сме го преживеале. Една недела за дете опфаќа поголем дел од неговиот живот отколку кај возрасен.

6. Зошто не ни е ладно на очите на многу ниски температури?

На нашите очи нема рецептори за температура. Покрај тоа, поголемиот дел од окото се наоѓа во черепот, па тоа се загрева од крвта.

(3)19-interesni-raboti-koi-sigurno-ve-mrzi-da-gi-prebarate-na-internet-kafepauza.mk

7. Зошто ги затвораме очите кога јадеме лимон?

Овој рефлекс најверојатно ни е наследен од предците. Нашите очи се затвораат за да го спречат киселиот сок да влезе во нив бидејќи може да ги повреди.

8. Зошто градските гулаби не стојат на дрвја?

Живеалиштето на гулабите во градовите се места каде што нема дрвја. Ова значи дека тие не го наследуваат рефлексот за стоење на дрвја. Структурата на нивните нозе им ја овозможува оваа способност, но тие не се навикнати на такво однесување.

9. Зошто прашината е бела на црна позадина, а црна на бела позадина?

Всушност, обичната прашина е сива. Сепак поради тоа што честичките се премногу мали, ние не ја забележуваме вистинската боја. Единствено забележуваме дали честичките се посветли или потемни од позадината.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар