19 факти за нашиот свет што ќе збунат многумина

19 факти за нашиот свет што ќе збунат многумина

Како предат мачките? Колку биле брзи диносаурусите? Многу интересни факти се изоставени за време на училишните часови, но никогаш не е доцна да го проширите вашето знаење.

19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многумина

1. Мачките се левораки и деснораки

Научниците од Кралскиот универзитет Белфаст направиле истражување кое докажало дека мачките ја користат истата шепа за играње или земање храна. За разлика од луѓето, бројот на левораки и деснораки мачки е речиси ист.

2. Пред 500 години лубениците изгледале поразлично

Ова овошје дошло од Африка во Европа и изгледало многу поразлично пред 500 години. Денешниот изглед лубениците го имаат од селективното производство.

3. Ако ви е страв од пајаци имате поголеми шанси да ги видите

Причината за ова е што нашето внимание е насочено според приоритети, каде што најважните нешта се забележуваат први. Ако ви е страв од пајаци, автоматски ги ставате на врвот на листата, па полесно ги забележувате.

4. Сонцето е бело

Иако сонцето е познато како жолта џуџеста ѕвезда, неговата боја е многу поразлична. Всушност, сонцето е бело, но нам ни изгледа жолто поради атмосферата.

19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многумина

5. Индиските ореви растат на „јаболка“

Овој плод расте на таканареченото „јаболко за индиски ореви“ што всушност е жолто или црвено стебло од 10-тина центиметри. Според ботаничките термини, ова „јаболко“ е овошје-аксесоар што расте на семето на индискиот орев.

6. Мачките предат со помош на гласните жици

Последните истражувања покажале дека механизмот за предење на мачките е мала група коски. Лоциран е помеѓу долниот дел на черепот и коренот на јазикот.

7. Чистиот сафир е поскап од дијамантот

Митот за високата вредност на дијамантите се појавил во 20-тиот век благодарение на рекламната кампања на компанијата Де Бирс. Слоганот „Дијамантите се вечни“ бил создаден во 1947-ма година и Мерлин Монро била заштитното лице. Но високата цена на дијамантите не е поврзана со ништо. Сафирот, од друга страна, бил ценет уште во древна Персија и неговата цена може да биде многу повисока од онаа на дијамантите.

8. 10% од коските на мачките се во нивните опашки

Телото на мачката има отприлика 240 коски а 23 од нив се наоѓаат во опашката.

19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многумина

9. Модерните средства против инсекти не ги плашат инсектите, туку ги кријат луѓето

Хемикалиите во овие средства им ги блокираат рецепторите на инсектите кои им помагаат да ги пронајдат своите жртви.

10. Венера и Уран ротираат спротивно од стрелките на часовникот

Сите планети во Сончевиот систем ротираат во насока на стрелките на часовникот. Венера ротира од исток кон запад, а оската на Уран е малку навалена, па тој ротира речиси странично.

11. Знакот за долар ($) е постар од банкнотата

Според приказната која е веројатно најточна, шпанските пезети кои биле користени во Америка биле обележувани со симболот $. Пезетата била запишувана како PS, а со текот на времето буквите се поклопиле и се добил симболот.

19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многумина

12. Францускиот бил официјален јазик во Англија над 600 години

Францускиот бил официјалниот јазик на правдата и судот до 18-тиот век. Мотото на грбот на Велика Британија, е напишано на француски и во парламентот и ден денес се користат некои француски фрази.

13. Авијаторските очила биле направени за војници

Името на овие очила е навистина логично. Тие биле создадени во 1938-ма година за американските пилоти, и им биле достапи само ним. Популарноста на очилата се зголемила по Втората светска војна, кога обичните американци се обиделе да ги копираат воените ветерани кои се враќале дома.

14. Облаците се движат со брзина од 150 километри на час

Луѓето мислат дека облаците патуваат многу бавно, но нивната брзина е голема. Брзината зависи од нивната висина и брзината на ветрот и често се побрзи од воз.

19 факти за нашиот свет кои ќе збунат многумина

15. Луѓето не можат да киваат за време на спиење

Кивањето настанува поради иритација на носниот канал. Кога спиеме нашата чувствителност е многу помала и импулсите не се толку силни. Но ако има многу силна арома, како на пример чад, човечкото тело ќе се разбуди.

16. Во Австралија ист број луѓе умираат од пчели, змии и пајаци

Иако Австралија е позната по отровните змии и пајаци, пчелите се исто толку опасни. Односно, стапката на смрт е речиси иста. Отровот на пчелите може да предизвика сериозна алергиска реакција, а многу луѓе ја потценуваат опасноста од нив и касно бараат лекарска помош.

17. Лихтенштајн и Хаити имаат слични знамиња

Историски, и двете држави одбрале знаме со 2 хоризонтални линии – една сина и една црвена. Ова останало незабележано долг период и за време на Олимписките игри во 1936-та настанала непријатна ситуација. Оттогаш државата Лихтенштајн вметнала и круна на своето знаме.

18. Тираносаурусот рекс не можел да трча

Научниците од Универзитетот Манчестер направиле компјутерски модел со кој се покажало дека овој диносаурус не можел да трча, па одел брзо. Тој тежел над 7 тони и трчањето било лошо за неговиот скелет.

19. Правилното име на Калигула е Гај Цезар

Императорот го добил прекарот Калигула во детството, и прекарот значи „чизмата на малиот војник“. Вистинското име на овој тиранин е Гај Јулиј Цезар Август Германик.

Прочитајте ги и овие факти што нема да можете да ги извадите од глава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар