18 нешта кои депресивните луѓе би сакале да ви ги кажат

Не е лесно да се живее со депресија, но поради начинот на кој сите живееме во денешно време, изгледа дека сè повеќе луѓе ја развиваат. Депресивните личности се сметаат за чудаци и антисоцијални, но тоа е далеку од вистината. Доколку имате некој близок кој страда од депресија, тогаш со сигурност, дури и покрај тоа што не се осмелува, би сакал да ви ги каже искрено следниве 18 нешта…

18 нешта кои депресивните луѓе би сакале да ви ги кажат

1. Депресијата не е заразна. Сериозно. Не мора да ја избегнувате депресивната личност во вашиот живот, бидејќи таа не може да ви ја префрли и вам.

2. Сакате да добиете тотално нелогично мислење за нешто? Прашајте депресивна личност. Тие толку многу не се синхронизирани со реалноста што буквално имаат моќ да претворат мравка во слон, или обратно.

3. Антидепресивите не се за сите личности. Некои луѓе не го сакаат ефектот кој тие го имаат врз нив и токму затоа ги избегнуваат и се трудат најдобро што можат да се справат сами со нивната ситуација. Но, оние кои ги земаат, не се претвораат во нечувствителни роботи, баш напротив, со нивна помош тие повторно стануваат луѓе.

4. Тие можат да бидат опколени со илјадници луѓе и сè уште да се чувствуваат како најосамената личност на планетата. Без разлика на тоа колку сте блиски, треба да се потрудите повеќе да им покажете дека сте тука за нив, без разлика на сè.

5. Кога се чувствуваат подобро, тие не можат да си ги разберат нивните постапки од „лошите денови“. Како е можно губењето на маскарата да биде најлошото нешто кое некогаш можело да ви се случи? Па, не е можно. Но, во тој момент тие не можат да го сфатат тоа.

6. Да се биде пријател со депресивна личност може да биде голем предизвик. Но, тие навистина го ценат вашиот труд. Дури и кога се мрштат однадвор, тие се задоволни внатре во нив.

7. Ако успеат да се натераат да излезат со вас, тоа не значи дека се магично излечени. Постојат различни нивоа на депресија и луѓето многу често имаат добри и лоши денови.

8. Депресивните луѓе се исто толку нормални како и вас. Тие само поминуваат низ лош период и тоа не значи дека не можат да го најдат своето место во општеството.

9. Знаењето дека нивниот живот е прекрасен и дека тие се навистина среќни што се живи нема ни најмалку да ги расположи. Нивниот мозок функционира на поинаков начин, па токму затоа не се обидувајте да правите разлика помеѓу добрите и лошите нешта во нивниот живот, туку едноставно бидете покрај нив како поддршка.

10. Имајќи го тоа на ум, справувањето со нив може да биде тешко и тие го знаат тоа. Токму затоа понекогаш е дури подобро и да им го кажете погрешното нешто, отколку да не им кажете ништо.

11. Тие навистина не веруваат во комплиментите кои им ги делите. Без разлика колку често им кажувате дека тие се убави/забавни/интересни, тие едноставно не го гледаат тоа.

12. Да се биде депресивен не е ни најмалку во тренд. Филмовите за депресија предизвикуваат да имате сосема погрешна перспектива за она што навистина се случува со депресивната личност. Реалноста е дека тие навистина се уморни од сè и едноставно посакуваат сè да исчезне, а тоа во ниту една ситуација не е добро чувство.

13. Кога се среќни, тие веруваат дека ова чувство никогаш нема да ги одмине и почнуваат повеќе да се движат помеѓу луѓе. Но, потоа повторно доаѓаат лошите денови и тие исто толку ненадејно како што дошле, така ненадејно и „исчезнуваат“ од социјалната сцена.

15. Тага и депресија? Станува збор за 2 премногу различни нешта.

16. Тие знаат дека социјализирањето треба да е добро за нив, но излегувањето од дома и преправањето дека сè е во ред со нив е едно од најтешките нешта со кои се соочуваат. Понекогаш им е многу полесно едноставно да останат во својот кревет и да гледаат филм.

17. Тие можат да кажат нешта кои другите ги ужасуваат. На пример, „Нели би било одлично доколку можете да изберете едноставно да не сте веќе тука?“ За нив ова можеби звучи рационално, но за другите е навистина збунувачко, па затоа и не знаат како точно да реагираат.

18. Признавањето дека се депресивни им е навистина тешко. Дури и кога се целосно свесни за тоа, тие се плашат да го изговорат гласно бидејќи знаат дека на тој начин ќе се претвори во реалност. Од друга страна пак, доколку го чуваат во себе, не им делува толку вистинито.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар