17 важни настани кои би требало да се случат до 2050-та година

Не мора да имате некаква моќ за да ја предвидите иднината. Понекогаш доволно е само да ја анализирате сегашноста. Постои многу голема веројатност следниве 17 настани да се случат до втората половина на 21-иот век.

2019: Нови држави

(1)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Островот Бугенвил е автономен дел од Папуа Нова Гвинеја. Сепак, во 2019 година можно е да стане посебна држава, но само ако мнозинството од населението ја изгласа оваа одлука на референдум. Нова Каледонија, која сега е дел од Франција, може исто така да стане посебна држава.

2020: Конструкцијата на највисоката зграда во светот ќе биде завршена

(2)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Денес највисоката зграда во светот е Бурџ Калифа во Дубаи, но овој рекорд ќе биде срушен во 2020 година. Се очекува до тогаш да биде завршена изградбата на кулата Џеда во Саудиска Арабија. Зградата ќе биде висока 1.006 метри.

2020: Ќе биде отворен првиот вселенски хотел

(3)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Компанијата Bigelow Aerospace планира да лансира вселенско летало кое ќе биде хотел за луѓето од Земјата. Тестирањата на вакви летала биле успешни, а едно од нив се користи во Меѓународната вселенска станица како складиште.

2024: Ракетите на SpaceX ќе одат на Марс

(4)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Компанијата на Елон Маск, SpaceX, која е основана во 2002 година, планира да испрати вселенски брод на црвената планета. Бродот ќе биде без екипаж, но постојат планови и за испраќање луѓе.

2025: Популацијата на Земјата ќе достигне 8 милијарди

(5)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Според предвидувањата на Обединетите нации, популацијата ќе стигне број од 8 милијарди до 2025 година. До 2050 година се очекува да има 10 милијарди луѓе на Земјата.

2026: Ќе биде завршена изградбата на Саграда во Барселона

(6)17-vazhni-nastani-koi-bi-trebalo-da-se-sluchat-do-2050-ta-godina-kafepauza.mk

Изградбата на катедралата започнала во 1883 година. Најголемиот проблем е тоа што се потребни посебни камени цигли чија изработка трае долго. Секоја цигла си бара посебно внимание.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. notes Reply

    Поправете го насловот. Година, не годината.

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Ти благодариме за забелешката, грешката е поправена. Имај си убав ден.

Остави коментар