17 луди работи што се сосема нормални во Јапонија

Земјата на изгрејсонцето е како друг свет кој е полн со неверојатни феномени, но и чудни традиции. Погледнете неколку интересни фотографии кои ќе ви дадат увид во секојдневниот живот на Јапонците.

1. Опис на работно место: Туркање луѓе во метро

Јапонските подземни железници имаат премногу патници за време на шпицот, па затоа постојат посебни работници (ошија) кои ги туркаат луѓето во возовите. Првите ошија работници биле студенти кои работеле со половина работно време.

2. 24.000 долари за неколку дињи

(2)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Дури и јапонските лубеници во форма на коцка не се скапи колку дињите „Јубару кинг“. На една аукција во 2008 година, две дињи биле продадени по цена од 24.000 долари. Причината за високата цена е реткоста на овошјето. Овие дињи се одгледуваат на островот Хокаидо, и тоа во многу мал број. Тие се распродаваат веднаш по бербата.

3. Кит Кет чоколадо со вкус на саке, васаби или чили

(3)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Името на овие чоколади на јапонски се изговара многу слично како „кито катсу“ или „сигурно ќе победиш“. Поради ова тие често им се даваат на учениците и студентите за среќа. Како и многу други видови храна, и овие чоколади ги имаат најчудните вкусови, од чили и васаби, до зелен чај и круша.

4. Кафетерија која нуди нежности

(4)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Со доплата, на мажите им е дозволено да лежат со келнерките, да ги прегрнуваат или да им ја галат косата, но не повеќе од тоа! Во Јапонија се обрнува многу внимание на визуелната страна на работите. На пример, кафетериите во кои келнерките се облечени како убави слугинки се многу популарни.

5. Најчудниот асортиман на возови

(5)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Возовите кои ќе ги најдете во Јапонија се многу разновидни: винтиџ, на два ката, многу брзи, без машиновозач, па дури и возови кои потсетуваат на ликови од цртани.

6. Автомати кои продаваат сè

(6)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Автоматите се толку познати во оваа земја, што од нив можете да ги купите најневеројатните работи, како кромид или пак, рачно напишано љубовно писмо.

7. Спа центар во кој можете да се бањате во вино, саке или кафе

(7)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Прекрасно место во кое не само што можете да пливате во огромни базени од вино, кафе или саке, туку можете и да пиете од нив.

8. Роботи миленичиња за деца

(8)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Чувањето милениче во Јапонија е скапо и може да ве чини колку еден автомобил. Поради ова, на децата им се понудени играчки роботи кои имитираат домашни миленичиња.

9. Сакура: Прекрасна декорација за храна

(9)17-raboti-koi-se-normalni-samo-vo-japonija-kafepauza.mk

Сакура е националниот цвет на Јапонија и се користи за украсување десерти. Оброците на кои се наоѓаат овие листови од црешово дрво се многу популарни во пролет кога целата земја е покриена со нив.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар