17 цитати за да ја прославите љубовта која ја делите со партнерот

Со многуте емоции кои се појавуваат кога се вљубувате, навистина е тешко да ги пронајдете вистинските зборови. Додека постојат многу начини да ја покажете вашата љубов, цитатот кој совршено опишува како се чувствувате е одличен начин да му покажете на љубениот колку го сакате.

17-citati-za-da-ja-proslavite-ljubovta-koja-ja-delite-so-partnerot-kafepauza.mk

„Велат дека љубовта е најдобрата инвестиција. Колку повеќе давате, толку повеќе добивате.“ – Одри Хепберн

„Ако знам што е љубов, тоа е поради тебе.“ – Херман Хесе

„Одбери ја твојата љубов. Љуби го твојот избор.“ – Томас Мансон

„Најдете љубовник кој ве гледа како да сте магија.“ – Фрида Кало

„Љубовта треба да биде авантура.“ – Гордон Хинкли

„Те сакам, но не поради тоа што си, туку поради тоа што сум јас кога сум со тебе.“ – Реј Крофт

„Личноста на која мислите кога стоите пред океанот. Тоа е личноста во која сте вљубени.“ – Колин Мишел

„Кога ќе сфатите со кој сакате да го поминете остатокот од животот, тогаш сакате остатокот од животот да почне што е можно побрзо.“ – Kога Хари ја запозна Сели (When Harry Met Sally)

„Сфатив дека Битлси грешат. Љубовта не е сè што ни е потребно, љубовта е сè што постои.“ – Морган Матсон

„Во нејзината насмевка гледам нешто што е поубаво од ѕвездите.“ – Бет Ревис

„Не верувам во магија“, рече младото момче. Стариот човек му се насмевна и му рече: „Ќе веруваш кога ќе ја видиш.“

„Во случај да заборавиш, никогаш не престанувам да мислам на тебе.“ – Вирџинија Вулф

„Најдоброто нешто за кое можете да се држите во животот е да се држите еден со друг.“ – Одри Хепберн

„Кога среќата на некој друг е ваша среќа, тоа е љубов.“ – Лана Дел Реј

„Посакувам да направам сè со тебе.“ – Ф. Скот Фицџералд

„За целиот свет можеби сте една личност, но за една личност вие сте целиот свет.“ – Бил Вилсон

„Тој ја забележа неа пред да забележи што било во собата.“ – Ф. Скот Фицџералд

Прочитајте ги и овие цитати за љубовта од незаборавниот Боб Марли.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар