16 универзални закони

16 универзални закони

Автор: Вера Мартиноска

Можеби не ги паметите наизуст Њутновите закони, но овие закони сигурно ќе ве потсетат на одредени ситуации во кои сте се нашле, а сте посакале да не е така. Сурови и на моменти драконски, ова се дел од универзалните закони. Добро е да знаете дека не сте единствените на кои им ѕвони телефонот додека се во бањата и дека космосот ги има однапред регулирано овие работи за вас, така што не треба да се грижите. Слободно може да се опуштите, но сепак внимавајте на законот на веројатноста.

16 универзални закони

1. Закон на механичко поправање – Откако сте ги извалкале вашите раце со масло, носот ќе почне да ве чеша и ќе ви се оди во тоалет.

2. Закон на гравитацијата – Секоја алатка, завртка, навртка, клинец, кога ќе ви падне, ќе се истркала до најнепристапниот ќош.

3. Закон на веројатноста – Веројатноста дека некој ве гледа е правопропорционална со глупавоста на тоа што во моментот го правите.

4. Закон на случајните броеви – Ако свртите погрешен број, никогаш не е зафатено и секогаш некој одговара.

5. Закон на алибито – Доколку му кажете на шефот дека доцните на работа затоа што ви се дупнала гумата, веќе следното утро навистина ќе ви се дупне гумата.

6. Закон на варијацијата – Ако го смените редот во кој чекате (лента во сообраќај, на  каса во супермаркет или на шалтер во банка), редот којшто сте го напуштиле секогаш ќе се движи побргу од оној во кој сте сега (секогаш!).

7. Закон на бања – Кога целосно ќе се потопите со вода, ѕвони телефонот.

8. Закон на блиските средби – Веројатноста да сретнете некој познаник, драматично се зголемува кога сте со некого со кој не сакате да бидете видени.

9. Закон на резултатот – Кога сакате да му докажете некому дека одредена машина не работи, таа проработува.

10. Закон на биомеханиката – Интензитетот со кој некое место ве чеша е обратнопропорционален со достапноста на тоа место.

16 универзални закони

11. Закон на театарот и стадионот – На секој настан, луѓето чии седишта се најдалеку од коридорот пристигнуваат последни и тие неколку пати ќе станат за да си земат храна, пиво или да одат во тоалет и ќе си заминат порано, пред крајот на претставата или натпреварот. Додека пак, оние кои седат покрај коридорот доаѓаат навреме, никогаш не стануваат, имаат долги нозе или големи стомаци и остануваат до самиот крај на изведбата, а можеби и повеќе. Овие луѓе се најчесто и груби.

12. Закон на кафето – Штом ќе седнете да си испиете едно топло кафе, вашиот шеф ќе ви рече да направите нешто што ќе трае толку долго, колку што ќе му треба на кафето да се олади.

13. Марфиев закон на шкафчињата – Ако има само двајца во соблекувалната, ќе имаат шкафчиња кои се наоѓаат едно до друго.

14. Закон на логичниот аргумент – Сè е можно, ако не знаете за што зборувате.

15. Вилсоновиот закон на комерцијалната маркетинг стратегија – Штом најдете производ што навистина ви се допаѓа, ќе престанат да го произведуваат.

16. Закон на докторот – Ако не се чувствувате добро, додека да стигнете на доктор, веќе ќе се чувствувате подобро.

Во колку од овие закони се пронајдовте? Имате ли некои амандмани на горенаведените закони?  Или можеби ќе споделите некој ваш, а сепак универзален закон?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. билјана Reply

    закон си е закон…еве уште неколку
    1. закон на истовременост: зејтинот, прашакот, пастата за заби, дезодорансите, течниот сапун, тоалетната хартија и сл.. се трошат во разнични временски интервали. Но ако еден месец ти задоцни платата, сите истовремено заршуваат (заедно со сите резерви) и тоа неколку дена пред да стаса платата.
    2. закон на врнежите: Се додека го носиш чадорот во чантата, нема да заврне.Првиот ден кога ќе го извадиш, заврнува и тоа токму во времето кога се враќаш дома од работа, (наспроти сите прогнози за сончево, суво и топло време)
    3.втор закон на врнежите: ако зарди првиот закон на врнежите сепак го оставиш чадорот во чантата, ке заврне, ако и само ако си спрострел алиштата да се сушат надвор на балконот.
    4 закон на спротивностите: ако си помислиш: одамна не сум добил мигрена, утредента „те растура“ главата, Но ако помислиш :„одамна не сум добил на лото“, нема ни да добиеш уште многу долго време….

  2. Марија Reply

    Закон за откажувањето : Ако бараш некој податок на интернет но неможеш да најдеш, во оној момент кога ќе решиш да се откажеш, ќе го пронајдеш податокот.

  3. Би Џеј Reply

    Чим се решиш да ја испереш колата, одма почнува да врне

  4. Фиќ Фириќ Reply

    -.- кој к*р е марфи?

  5. Дијана Reply

    потполно се согласувам со законите на Билјана.. особено со оние за врнежите бидејки ми се има случено 5000000000000 патии

  6. Танја Reply

    Ако нешто не ти треба, фрли го – веднаш ке ти затреба

Напиши одговор на билјана Откажи одговор