16 работи кои луѓето на диета не сакаат да ги слушнат

16 работи кои луѓето на диета не сакаат да ги слушнат

Луѓето кои држат диета имаат една цел – да ослабат. Секој коментар кој ќе им го дадете додека се обидуваат да го постигнат тоа треба да биде во насока на поддршка за тоа што решиле да го прават. Диетите не значат гладување и не сите луѓе ги враќаат килограмите потоа. Ако вие немате проблем со дебелината и покрај тоа што јадете многу, не е баш коректно да им го кажете тоа на луѓето кои моментално се борат со килограмите, но нема потреба ни да ги тешите дека добро изгледаат и да им кажувате како треба да јадат за да не бидат дебели или дека треба да вежбаат ако сакаат навистина да ослабат.

Ако вие отсекогаш толку супер изгледате, сигурно не сте имале потреба да поминувате низ диети, режими и напорни тренинзи, па затоа не правете се експерт пред луѓето кои многу веројатно, прочитале нешто пред да почнат со диетата.

16-raboti-koi-lugjeto-na-dieta-ne-sakaat-da-gi-slushnat-kafepauza.mk

1. Не си гладен/на?

2. Не ти треба диета, супер изгледаш.

3. Си ја пробал [некоја] диета?

4. Тешко ти е? Издржуваш?

5. Треба само да намалиш на количините и ќе ослабеш.

6. Си пробал/а да вежбаш?

7. И, како оди со диетата?

8. Зошто си правиш вакви работи?

9. Не ти недостига храната?

10. Смееш да пиеш?

11. Знаеш дека 90% од луѓето ги враќаат килограмите после 3 месеци од диетата?

12. Ама има торта. Не можеш барем едно мало парче да пробаш?

13. Постои нешто што можеш да нарачаш во ресторан?

14. Баш читав пред некој ден во весник дека не треба да се држат диети заради…

15. Јас среќа не се дебелеам. Јадам нормално, ама ете…

16. Диетите никогаш не успеваат. Џабе се мачиш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар