20 бесмртни цитати од Вилијам Шекспир

20 бесмртни цитати од Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир бил еден од најталентираните и највештите писатели и литерати од минатото чии дела се слават и денес. Како единствен господар на зборовите, неговата литература ја открива суштината на човечкиот однос. Животите на неговите ликови се оживеани преку страста и незапирливите емоции. Неговото пишување допира длабоко во душата и открива еден суптилен, но богат внатрешен свет. Прочитајте дел од неговата безвременска мудрост и исполнете го денот со инспирација.

20 бесмртни цитати на Вилијам Шекспир

„Убавината нема сама да ги убеди очите на човекот без говорник.“

„Никогаш нема да дознае колку лошиот збор може да ја отруе наклонетоста.“

„Прилагоди го делото на зборовите, а зборовите на делото.“

„Кога зборовите ретко се употребуваат, тие ретко се трошат залудно.“

„Не постои ништо ново под сонцето.“

„Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме.“

„Љубовта која се бара е добра, но онаа која не се бара е уште подобра.“

„Некои успеваат со помош на гревот, а некои паѓаат поради доблеста.“

„Празната чинија одекнува најгласно.“

„Колку далеку таа мала свеќа ја фрла својата светлина! Го осветлува доброто дело во уморниот свет.“

„Ружата под кое било друго име ќе мириса исто.“

„Ова пред сѐ: Бидете искрени со себе.“

„Но, љубовта е слепа, а љубовниците не гледаат.“

„Нашите сомнежи се предавници и прават да го изгубиме доброто кое сме можеле да го добиеме, со тоа што се плашиме да се обидеме.“

„Очекувањето е коренот на секоја љубовна болка.“

„Совеста нè прави сите кукавици.“

„Љубовта е чад подигнат од испарувањето на воздишките.“

„Бидете силни во делата, како што сте силни во мислите.“

„Сакај ги сите, верувај на неколкумина, не греши никому.“

„Да се биде или не, тоа е прашањето!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар