15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Факт е дека во еден момент нашата планета ќе биде уништена. Иако е малку застрашувачки, судниот ден е тема во многу книги и филмови со генерации. Но какво е мислењето на експертите на ова тема? Постојат неколку начини на кои планетата би можела да се уништи, а човештвото можеби и нема да сведочи на тој настан. Постои верување дека човештвото самото ќе се уништи долго пред Земјата да биде уништена од нешто друго. Во продолжение погледнете некои од најпознатите идеи за тоа како би изгледал крајот на Земјата и на човештвото.

1. Удар од астероид

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Шансите да бидете убиени од астероид се 1 во 74.817.414.

Се верува дека удар од астероид е виновен за уништувањето на диносаурусите. А постои голема шанса тоа да биде и нашиот крај. Всушност, Земјата секојдневно е бомбардирана од астероиди кои не се доволно големи за да предизвикаат штета. Но, евентуално ќе се појави и некој голем, па прашањето е дали дотогаш ќе ја имаме потребната технологија за да се одбраниме.

2. Зголемување на сонцето

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Масата на сонцето ќе ја стигне моменталната орбита на Земјата за 7,5 милијарди години.

Во еден момент сонцето ќе се зголеми толку многу што ќе ја проголта Земјата. Се претпоставува дека ова ќе се случи за 7,5 милијарди години. Најверојатно човештвото дотогаш ќе го нема и Земјата ќе биде ненаселилва планета долго пред сонцето да ја уништи.

3. Црна дупка или планетата

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Постојат многу работи кои „пловат“ низ вселената, па само прашање на време е кога нешто ќе се судри со Земјата.

Можеби астероидите се страшни, но не колку црните дупки или планетите. Сепак, веројатноста да се судриме со планета или црна дупка е премногу мала.

4. Нуклеарна војна

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Моментално постои можност од 10% да избие нуклеарна војна со Северна Кореја.

Оваа закана е премногу реална. Нуклеарната војна е закана која постои од 1940-тите, и иако денес е помирно, светот повторно е во страв откако Северна Кореја доби свое нуклеарно оружје.

5. Вештачка интелигенција

15 теории за уништување на Земјата и крајот на човештвото

Некои експерти се загрижени за вештачката интелигенција, додека други сметаат дека нашите стравови се нереални.

И оваа потенцијална закана станува сè пореална. Како што вештачката интелигенција напредува, така се зголемуваат шансите да одбие да ги следи наредбите на луѓето. Иако постои можност да се случи ова, многу експерти сметаат дека заканата не е воопшто голема колку што сметаат луѓето.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар