15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Мислиме дека сѐ што постои има своја намена. Меѓутоа, многу од работите што ги користиме секој ден, порано се употребувале на поинаков начин. Погледнете ја историјата на секојдневните предмети за да дознаете зошто биле првично создадени пред да се претворат во она што се денес…

1. Кока-кола

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Фармацевтот Џон Пембертон, ветеран од американската граѓанска војна, направил мешавина од кола ореви и листови кока. Тој им препорачувал на војниците да ја користат мешавината како морфиум за нега на нервниот систем. Потоа, тој започнал бизнис продавајќи ја Кока-колата како безалкохолен пијалак, но ги продал акциите. Новите сопственици започнале да произведуваат Кока-кола со тоа што го извадиле кокаинот од листовите кока.

2. Црн фустан

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Сѐ до 1920-тите, црната облека се носела како симбол за тага барем 2 години. Потоа, во 1926 година, Коко Шанел го сошила нејзиниот познат мал црн фустан. Најпрво, овој фустан го носеле само филмските ѕвезди, но подоцна станал популарен и на светско ниво.

3. Караоке

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Даисуке Иноу, јапонски рок музичар, свирел за посетителите на едно кафуле кои сакале да пеат помеѓу песните на бендот. Една вечер, тој не можел да дојде, па затоа им дал на колегите касета на која го снимил неговиот дел. Потоа, во 1971 година тој измислил машина која свирела музика без вокали за да можат да се одморат музичарите додека публиката ги пеела песните.

4. Пластелин

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Оваа супстанца најпрво се користела за чистење на тапетите во куќите кои имале камин и собирале чад. Но, со измислувањето на винилските тапети кои лесно се чистат со помош на сунѓер, пластелинот ја изгубил својата првобитна намена. Потоа, роднина на откривачот која била учителка во градинка им ја дала оваа супстанца на децата за да си играат и тие ја обожавале! По некое време, детергентот бил отстранет од материјата и бил заменет со колорант.

5. Лента за трчање

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Прототипот на современата лента за трчање бил создаден од страна на Сер Вилијам Кубит во 1818 година. Нејзината намена била да ја искористи мускулната сила на мрзливите затвореници за мелење жито. Затворениците држеле хоризонтална рачка и оделе по еден вид бесконечни скали.

Продолжете на втората страница за да ја дознаете оригиналната намена и на останатите предмети…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар