15 работи кои адвокати навистина ги имаат кажано во судница

Иако искуствата не се од нашите судници, сепак е интересно да се види што сè кажано во една ваква сериозна институција.

15-raboti-koi-advokati-navistina-gi-imaat-kazhano-vo-sudnica-kafepauza.mk

Адвокатот: Што беше првото нешто што ви го кажа сопругот тоа утро?
Сведокот: Рече: Каде сум Кејти?
Адвокатот: И зошто тоа ве вознемири?
Сведокот: Моето име е Сузан!

Адвокатот: Дали сте сексуално активни?
Сведокот: Не, само лежам.

Следново оди оригинално на англиски:

Адвокатот: Do you now if your daughter has ever been involved in voodoo?
Сведокот: We both do.
Адвокатот: Voodoo?
Сведокот: We do.
Адвокатот: You do?
Сведокот: Yes, voodoo.

Адвокатот: Најмалиот син, 20-годишниот, колку години има?
Сведокот: Ах, па има 20.

Адвокатот: Бевте ли присутни кога беше направена вашата фотографија?
Сведокот: Сериозно?

Адвокатот: Значи датумот кога било зачнато бебето е 8 август?
Сведокот: Да.
Адвокатот: И што правевте вие во тој период?
Сведокот: Aaa… Имав секс.

Адвокатот: Како прекина вашиот прв брак?
Сведокот: Со смрт.
Адвокатот: Со чија смрт беше прекинат?
Сведокот: А чија смрт претпоставувате дека го прекинала?

Адвокатот: Можете да ја опишете личноста?
Сведокот: Личноста беше средно висока и имаше брада.
Адвокатот: Беше машко или женско?
Сведокот: Погодете.

Адвокатот: Сите ваши одговори треба да бидат орални, OK? Во кое училиште одевте?
Сведокот: Орални.

Адвокатот: Докторе, пред да ја направите аутопсијата, дали го проверивте пулсот?
Сведокот: Не.
Адвокатот: Дали го проверивте крвниот притисок?
Сведокот: Не.
Адвокатот: Дали го проверивте дишењето?
Сведокот: Не.
Адвокатот: Значи возможно е пациентот да бил жив пред да почнете со аутопсијата?
Сведокот: Не.
Адвокатот: Како можете да бидете сигурни докторе?
Сведокот: Бидејќи неговиот мозок седеше на моето биро во тегла.
Адвокатот: Сфаќам. Но дали и покрај тоа пациентот можел да биде жив?
Сведокот: Да, можеби бил жив и се занимавал со право.

Адвокатот: Таа имаше три деца, така?
Сведокот: Да.
Адвокатот: Колку беа машки?
Сведокот: Ниедно.
Адвокатот: Имаше девојчиња?
Сведокот: Ме зезаш. Судијо, мислам дека ми треба нов адвокат. Може ли да добијам нов адвокат?

Адвокатот: Таа болест, Мијастенија гравис, дали воопшто влијае на вашето помнење?
Сведокот: Да.
Адвокатот: На кој начин влијае на вашето помнење?
Сведокот: Заборавам.
Адвокатот: Можете да ни дадете пример од нешто што сте заборавиле?

Адвокатот: Докторе, нели е вистина дека кога личноста ќе умре во сон не знае за тоа дури до наредното утро?
Сведокот: Дали вие воопшто имате положено правосуден?

Адвокатот: Дали се сеќавате во кое време го испитувавте телото?
Сведокот: Аутопсијата започна во 8.30 вечер.
Адвокатот: И г. Дентон беше мртов во тоа време?
Сведокот: Не, лежеше на масата и се прашуваше зошто изведувам аутопсија на него!

Адвокатот: Докторе, колку аутопсии досега имате извршено на мртви луѓе?
Сведокот: Сите моите аутопсии се извршени на мртви луѓе. Би сакале да го преформулирате прашањето?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар