15 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои постојано ја гледаат „поголемата слика“

15 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои постојано ја гледаат „поголемата слика“

Оние кои постојано се насочени кон „поголемата слика“ се креативни, иновативни и лесно ги перципираат шемите и поврзаностите во нивната околина. Но, нивниот живот не е секогаш забава и игри. Тие многу често се соочуваат со голем отпор во секојдневниот живот, па ако се најдете во следниве 15 ситуации, тогаш со сигурност и вие сте едни од нив…

15 проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе кои постојано ја гледаат „поголемата слика“

1. Ѓаволот не е во деталите, ѓаволот е деталите – Вие не разбирате зошто секое „ј“ треба да има точка врз него, или пак секое зошто секое „ж“ треба да биде прецртано. Ако генералната идеја е очигледна, зошто да се губи време на специфичности?

2. Крајот има тенденција да ги оправдува средствата за вас, а тоа другите не го разбираат секогаш – Вие знаете дека треба да скршите неколку јајца за да можете да направите омлет. Без разлика колку луѓето се сомневаат во вашите постапки, вие секогаш ќе бидете дел од поголемиот план.

3. Постојано ви велат да бидете пореални – Тоа е можеби најлошиот совет кои некогаш сте го чуле. Дали браќата Рајт се обидувале да бидат реалистични? Не. Затоа денес имаме авиони.

4. Вашите очи често се поголеми од вашиот стомак – Одвреме-навреме вашата амбиција целосно ве освојува и вие имате проблем да се приземјите. Како успеавте да работите 70 часови претходната недела? Ни вам не ви е јасно.

5. Правите многу нешта сами – „Тоа изгледа како кул план“ е нешто што многу често го слушате. Но, ретко кој се понудува да го изведе истиот со вас. Другите луѓе се забавуваат со вашите идеи, но ретко кога некој се осмелува да ги претвори во реалност.

6. Учењето тема со многу детали ве тера на плачење – Ја сфаќате генералната идеја, па тогаш зошто мора да ги знаете и сите детали поврзани со истата?

7. Луѓето кои обрнуваат многу внимание на деталите обожаваат да наоѓаат „дупки“ во вашата нова возбудлива идеја – Вие посакувате да имате огромен знак на кој пишува „ДЕТАЛИТЕ ЌЕ СИ ГО НАЈДАТ СВОЕТО МЕСТО ПОНАТАМУ!“ Луѓето кои прво ги решаваат деталите, а потоа главната идеја ве полудуваат.

8. Уморни сте од следење планови – Тешката работа која доаѓа паралелно со следењето детален план е нешто што ве измачува до бескрај. Вашата работа од соништата е онаа каде што вие сте оние кои ги создаваат идеите и не мора да ги следите туѓите чекори во планирање.

9. Луѓето се изненадени кога ќе го исполните вашиот огромен план – И покрај тоа што милион пати им повторивте дека ќе успеете, тие повторно се однесуваат како ниту еднаш да не ве чуле.

10. Вие сметате дека механичките работи се неверојатно тешки, а оние кои носат огромен притисок со себе се неверојатно лесни – Административните задачи никогаш не ви биле силна страна. Вие функционирате добро во околина каде што треба постојано да се прават тешки одлуки кои можат да водат кон ваш напредок или кон тотален неуспех.

11. Имате тенденција да се борите со аргументи – Многу брзо можете да ги анализирате општите принципи на она што другите го кажуваат и брзо да ги забележите грешките во нивното резонирање, па токму затоа има смисла и да им укажете на нив, се согласувате?

12. Често не успевате да ги забележите оние нешта кои се пред вашиот нос – Вие сте експерти кога станува збор за губење клучеви кои всушност се во вашата рака. Или пак, прв пат ја забележувате гребаницата на вашиот автомобил која сте ја направиле пред неколку месеци… Откако некој ќе ви ја посочи!

13. Често ве обвинуваат дека немате здрав разум – И тоа навистина не ве навредува. Здравиот разум е само за обичните, нормални и здодевни луѓе.

14. Вие ги гледате нештата какви што можат да бидат, а не какви што се – Вие имате тенденција да одржувате проекти, идеи, па дури и врски многу подолго само затоа што го гледате прво нивниот потенцијал, а потоа реалноста.

15. Вашиот оптимизам понекогаш ги надминува вашите способности – Но, тоа ни најмалку не ви пречи. Некои од вашите идеи се преголеми за да се изработат, но тоа е во ред. На крајот од краиштата, вие повеќе ги цените самите идеи отколку нивната практична примена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар