15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

Плачењето, поцрвенувањето и икањето ги прифаќаме такви какви што се, без да се запрашаме зошто ни се случуваат. Научниците сепак, не седат мирни и си ги поставуваат тие прашања. Еве какви одговори откриле досега.

15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

Плачење – Тоа е начин да се искажат одредени емоции, а покрај тоа помага да се исфрлат од организмот одредени хормони кои се создаваат во моментите на стрес. Затоа се чувствува олеснување после плачењето.

Икање – Оваа појава не носи никаква корист за организмот. Се верува дека настанува поради примитивниот рефлекс за цицање.

Спиење – Не е сосема јасно зошто е неопходно цела една третина од животот да ја поминеме во спиење. Досегашните испитувања укажуваат дека тоа е потребно заради одржување на разни процеси во мозокот и во целиот организам кои се неопходни за моментите додека сме будни. Ова пред сè се однесува на учењето и паметењето.

15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

Смрт – Не умираме секој ден, но тоа сепак секојдневно се случува околу нас. Причината е тоа што што нашите клетки умираат. Тие имаат способност постојано да се обновуваат во период од 70 или повеќе години, но тоа не може да трае засекогаш. Во секоја клетка има теломери чии краеви содржат генетски информации кои отпаѓаат со секоја поделба на клетката. Теломерите се доволно долги за да покријат одреден животен век, но за тој да се продолжи научниците ќе мораат да пронајдат начин да ги продолжат и теломерите.

Поцрвенување – Поцрвенувањето е универзална реакција на туѓото внимание. Се случува буквално кај секого, така што во организмот се случуваат процеси кои овозможуваат поголем доток на крв во делот кај образите. Чести предизвикувачи се: средба со битна личност, добивање комплимент и доживување јака емоција во присуство на други луѓе, но научниците сè уште не знаат зошто се случува тоа.

Бакнеж – Кожата околу устата и носот е покриена со материи кои содржат хемикалии кои кажуваат дали личноста која ја бакнуваме има потенцијал да биде добар партнер. Исто така, плунката во себе носи информации кои кажуваат дали личноста е здрава или болна, што е многу важно кога станува збор за избирање партнер за репродукција. Затоа, кога се бакнуваме со некого за првпат, тоа може да ја зголеми или намали сексуалната привлечност која ја чувствуваме кон тие луѓе.

15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

Пуштање гасови – Додека дигестивниот систем ја претвора храната во гориво за организмот, микробите кои го овозможуваат варењето создаваат нус-продукт во вид на водород сулфид, гас кој, на пример, испарува од расипаните јајца.

Смеење – Насмевката е само сигнализирање и ширење на позитивни емоции. Со неа на другите им праќаме порака дека не сме под стрес.

Трепкање – Трепкањето со очите има за цел да ги исчисти од честичките кои се лепат на нив. Интересно е тоа што не забележуваме дека тоа го правиме на секои 2 до 10 секунди. Мозокот има извонредна способност да го сокрие тоа од нас деактивирајќи одредени свои делови во тој дел од секундата, па затоа она што го гледаме пред нас го доживуваме како неиспрекинато искуство.

15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

Летање со мислите – Нашето внимание постојано се зголемува и намалува, но има моменти кога успеваме целосно да одлетаме со мислите. Научниците сметаат дека тоа е многу корисно за креативноста и имагинацијата, бидејќи слободното пловење по сето она што ни е во главата може да нè донесе до некоја интересна идеја.

Гледање во 3Д – Мозокот има трик со кој успева во тоа. Прво ги усогласува двете различни слики поради двата различни агли под кои двете очи ги примаат сликите. Потоа мозокот ги користи двете слики за да ја одреди оддалеченоста од објектот.

Трпнење – Иако е многу непријатно, трпнењето е знак дека следува олеснување. Кога еден нерв ќе биде ослободен од голема тежина или притисок, му треба време да се врати во состојба повторно да функционира нормално. За жал, тоа мозокот го интерпретира како боцкање.

Бричење – Отстранувањето на влакната од лицето или кој било дел од телото има исклучиво културна позадина. Брадата служи за мажите да се разликуваат од момчињата, а срамните влакна служат за „фаќање“ на феромоните кои помагаат во привлекувањето партнер.

15 причини за 15 работи кои ги правиме секој ден

Ризикување – Сите сакаме да возиме брзо, да скокаме со падобран или да се искачуваме по карпи. Во ова особено се истакнуваат мажите, затоа што причината позади тоа е потребата од привлекување партнер.

Секс – Неговата првенствена цел е размножувањето, но покрај тоа постои една веројатна теза наречена „Црвена кралица“, според која организмите се трудат постојано да еволуираат за да одговорат на генетските мутации на спротивниот пол, па сексот го гледаат како можност да ги измешаат гените и на тој начин уште повеќе да напредуваат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар